
За да осигурате квалитетно заедничко време со партнерот најдобро е во целост да го прилагодите на биоритамот на бебето.
Ако се породивте пред неколку седмици, тогаш сигурно не чувствувате желба за секс и го избегнувате на секој можен начин. Нормално е што вашето тело бара одмор и време за да се избалансира после големата промена и напор како што е породувањето.
За некои млади мајки сексот после породувањето е навистина голем чекор, особено за оние кои се соочуваат со обилен вагинален исцедок, умор, конци во пределот на меѓуножјето или дури и породилна депресија. Но сето ова не треба премногу да ве загрижува бидејќи со текот на времето потешкотиите сами ќе исчезнат дури и без стручна помош.
ЛУБРИКАНТИ
Еден начин за да го олесните сексот после породувањето се лубрикантите. Тие ќе ви ја навлажнат вагината за да не ве боли.
Но ако и покрај нив долу се уште имате болка тогаш најверојатно вашата рана не е целосно зарасната. Ако се плашите од инфекции, појдете на лекар за да ви го прегледа повреденото ткиво.
*** Препорачливо е да почекате 40 дена или околу 6 недели после породувањето за да имате полов однос.
КЕГЕЛОВИ ВЕЖБИ
После породувањето вагината ќе се врати во својата првобитна положба и вашиот партнер најверојатно нема да забележи никаква разлика. Ако сепак имате чувство дека вашите вагинални мускули ја изгубиле силата тогаш можете да ги зајакнете со Кегелови вежби или со вагинални топчиња.
МЛЕКО ОД ГРАДИТЕ
Во овој период градите најверојатно ви се напнати и чувствителни. Ако полово се возбудите многу е веројатно дека ќе ви протече млеко. Во случај ова да го одбива вашиот партнер, пред сексуалниот чин надојте го бебето. Тоа привремено ќе ви ги испразни млечните жлезди.
NotForMen препорака: Постпородилно сексуално расположение
РАСПОРЕД СПОРЕД БЕБЕТО
За младите мајки најчест непријател на либидото е телесниот умор. Поради тоа драгоцено е времето кое го минувате со својот партнер.
За да осигурате квалитетно заедничко време најдобро е во целост да го прилагодите на биоритамот на бебето. Вие знаете каков е неговиот распоред и кога тоа ќе јаде, ќе плаче или ќе спие, па така времето за спиење искористете го за интимни мигови.
Ако и самата мисла на сексуален однос во целост ве одбива, тогаш не спротиставувајте се. На некои жени после породувањето им се потребни и месеци пауза од секс.
Но сепак не смеете да заборавите на партнерот! За да ја зачувате здрава врската многу е важно отворено да разговарате за тој да ве разбере.
И нормално, не заборавајте ја контрацепцијата бидејќи веќе првиот сексуален чин после породувањето можете повторно да забремените.
.gif)






















.gif)























