
Важно е да запаметите дека градите се менуваат и според тоа треба да ја менувате и големината на кошницата која ја користите.
Староста со себе го носи нашиот најголем непријател – гравитацијата! Градите се први кои подлегнуваат на неа и често ја издаваат нашата возраст.
***Бидејќи деколтето ги издава вашите години, на секои 10 дена, на вратот и градите, нанесувајте маска на база на колаген. Маската се остава 15 минути, а потоа се испира со млака вода. Оваа маска е корисна и за дохранување на кожата.
Градниците во најразлични бои во вашиот орман не се само долна облека, тие се нужна поддршка на вашите гради. Градите немаат многу мускули кои би се грижеле тие да останат на своето место. Како годините растат на вашата животна сметка така се намалува и еластичноста на кожата, што предизвикува нивна виснатост.
Несоодветните градници можат дури да им наштетат на вашите гради со тоа што ќе ја растегнат кревката врска која ги држи вашите гради заедно.
ИСТРАЖУВАЊЕ:
Едно истражување во Велика Британија е направено на 100 жени кои пробале 50 видови градници во текот на 3 години. Тие откриле дека погрешните градници може да предизвикаат болки и чувство на неудобност.
Движењето на градите е ограничено, но и покрај тоа кај интензивните телесни вежби доаѓа до нивно поместување и тоа зависно од нивната големина, до 21 сантиметар горе долу, но и лево десно.
***Златните правила при избор на градник: корпите на градникот треба да бидат во соодветна големина, прерамките треба да се доволни широки за да не всекуваат и појасот околу грбот не смее да ве стега.
НЕКОЛКУ ПРАВИЛА ОКОЛУ ИЗБОРОТ НА ГРАДНИК:
Важно е да запаметите дека градите се менуваат и според тоа треба да ја менувате и големината на кошницата која ја користите. На ова обрнете особено внимание во текот на бременоста и доењето, како и во менопаузата.
Дури 85 проценти од жените не купуваат градник во согласност со вистинската големина на своите гради, туку според своите желби. Некои сакаат да ги прикријат преголемите гради, па ги стискаат во премали градници, но тоа ви штети. Затоа пред да тргнете на шопинг измерете го обемот на градите, каде што е најголем, веднаш под градниот кош.
И секогаш кога вашата тежина варира горе долу за 10 проценти запомнете дека е време за нов градник.
Исто така погрешно е мислењето дека за вас најдобар е одреден модел. Се разбира дека ова не е точно! Спортските градници се пример како за секоја пригода има соодветен градник. Спортската активност за градите може да биде многу напорна, па затоа многу е важно каков градник ќе одберете. Погрешно е и мислењето дека најдобар е градникот кој можете да го облечете преку глава.
NotForMen препорака: Провокативни градници со чипка
Градите треба да бидат на висина која е некаде во средината помеѓу лакотот и рамето.
Ако градникот ви е премногу широк градите во него ќе се движат и нема да се чувствувате убаво. Затоа многу е важна соодветната затегнатост со која ќе можете да вметнете два прста помеѓу него и вашето тело во висина на градите.
Работ на градникот не е толку важен за здравјето на градите колку што е важен за изгледот. Така градниците кои се отсечени со раб им даваат поубава форма на градите, иако многу жени не ги сакаат бидејќи се познаваат под облеката.
Еве во прилог фото-галерија со 9 пуш-ап градници од Victoria’s Secret:
.gif)






















.gif)























