
За време на физичката активност, како сексот, се опуштаат вагиналните мускули, при оргазам се излачува хормонот за среќа – ендорфин.
Некои редовно го практикуваат, на други им се гади од самата помисла на тоа, но сексот за време на менструација е добар избор. Еве ги придобивките од него:
Огромна желба, кратка предигра и див секс
Поради зголеменото крварење од матката и некои хормонални промени во телото кај многу жени желбата за секс е поголема во овој период.
Токму верувањата дека сексот за време на менструацијата е непримерен и забранет се јавува спротивниот ефект и желбата е уште поголема. Во тоа време вагината е постојано влажна, па пенетрацијата е полеснa и е огромно уживање на мажите.
Во тој период ќе сфатите дека имате див секс со помалку предигра, што ќе им одговара на многу мажи кои не се нејзини љубители.
Пократка и побезболна менструација
Непријатните грчеви и напнатоста во стомакот се намалуваат при постигнувањето на оргазам, кој ги ублажува сите видови на болка. Од друга страна жените кои имаат многу јаки грчеви и болки ќе треба да внимаваат и бидат нежни или да почекаат болките да поминат.
За време на физичката активност, како сексот, се опуштаат вагиналните мускули, при оргазам се излачува хормонот за среќа – ендорфин, кој за некое време ја намалува болката. Така сексот ќе биде вашата прва помош за болна менструација!
Поради интензивното стискање на матката излегува и поголема количина крв, па понекогаш сексот за време на менструација може да ги скрати нејзините денови.
NotForMen препорака: 4 интригантни прашања за вашето сексуално здравје
Пробување на нови секс игри
Ако имате долга менструација, како цела недела на пример, тоа е долг период за паровите кои редовно имаат секс. Па зошто во тоа време да се одрекувате? За време на менструација можете да подобрите некои техники и да пробате други нови.
Особено во најобилните менструални денови може да пробате некои игри. Обидете се со триење меѓу градите, па потоа изненадете го со некоја нова рачна или орална стимулација на пенисот. Милувајте се и бакнувајте, а во послабите менструални денови одлучете се и за секс.
Многу мал ризик за оплодување
Сексот за време на менструација е помалку ризичен за зачнување, што не значи дека воопшто нема ризик. Наjризично во месецот е за време на овулацијата, а тоа е времето помеѓу 2 менструации, кое може да го израчунате ако од првиот ден на менструацијата изброите 12-16 дена.
Поголемиот дел од жените за време на менструацијата нема овулација и затоа можноста за оплодување е најмала. Особено со ова треба да внимаваат жените кои немаат редовна менструација и не можат точно да го пресметаат денот на овулација.
.gif)






















.gif)























