
Сигурно се чудите кога некој ќе ви каже дека се обидува да се здебели, веднаш посакувате да сте на нивно место. Верувајте дека не сакате, бидејќи сте на иста мака. Фрустрацијата и комплексите се речиси исти.
Губењето на апетитот може да биде предизвикано од повеќе фактори. Гледано од психолошки аспект, нејадењето може да биде предизвикано од голема депресија. Ретко кој е расположен да јаде кога во себе носи чувство на тага. Постојано придржување кон диети, настинка, посериозна болест, се неколку од многуте фактори за ваквата појава.
Направете ги следните чекори:
За почеток почнете да излегувате надвор за да дејствувате на психата. Подобрете го расположението за да го подобрите апетитот.
Секој оброк збогатувајте го со залак плус за постепено да дојдете до цело парче.
На секои 3 или 4 дена практикувајте да јадете пред легнување. На тој начин ќе го забрзате метаболизмот и ќе го поттикнете излачувањето на инсулинот, одговорен за апетитот.
Издвоивме и неколку природни стимуланси за вас:
Половина час пред јадењето напијте се помала чаша овошен сок. Шеќерот ќе го надразни желудникот и желбата за храна. Истото се однесува и на зелениот чај. Покрај него се препорачува и чај од пеперминт. Што се однесува до сокот, најефикасен се покажал сокот од боровинки.
Комбинацијата од јогурт и јаболко за кратко време ќе ве одржува сити, а за уште пократко ќе ја свари храната. Почесто внесувајте ги за почесто да чувствувате глад и да посегнувате по храна.
Недостигот од витамините А, Ц и Е тесно се поврзуваат со намален апетит. Внесувајте ги во исхраната преку големи дози овошје и зеленчук.
За да се активира сетилото за мирис и вкус, а со тоа и желбата за храна, се препорачува цинк и лимонска киселина.
Домашен сируп за поттикнување на апетитот:
Излупете три портокали, но извадете им ја само кората, не и белите жилички. Варете ги во бело вино околу 13 минути. Тргнете ги на страна и извадете го месото од нив, исечкајте ги и вратете ги во виното на оган. Додадете 13 лажици кафен шеќер и варете на тивко уште 30 минути. Откако ќе се излади, соберете го сирупот во стаклено шише. Наутро и навечер пред легнување, пијте по една супена лажица.
.gif)






















.gif)























