
Сигурно многу често сте си помислиле дека вашите родители се виновни што се храните неправилно. Наместо да ви даваат чоколади или чипсови, требало да ве научат да јадете зеленчук, овошје, риба, јајца и др.
Најчесто ова се грешките што се прават во процесот на создавање здрави навики.
Не тргнувате од себе. На сите околу вас им налагате здраво да се хранат, им давате совети, ги терате да јадат овошје, им готвите.... Но, колку сето тоа го применувате на себе? Бидете им пример! Енергијата и доброто расположение што за кратко време ќе го стекнете, ќе ги натера сите да сакаат да бидат како вас.
Постојано попувате. Постојано зборувате за тоа, размислувате за тоа, но работите не можат да се случат преку ноќ. Секој оброк ви се состои од брокули, моркови, лук, спанаќ и слично, а сепак од чинијата сте ги изеле само компирите. Полека, дајте си време и постепено навикнувајте се да ги јадете.
Овошјето и зеленчукот недостапни. Празната трпезариска маса збогатете ја со разновидно овошје. Различните бои и мирисот кога тогаш ќе ве натераат да посегнете по некое од нив. Зеленчукот чувајте го на видно место во фрижидерот и не практикувајте да го замрзнувате и да заборавите на него.
Исто мени. Постојано јадете ист тип храна, некогаш и заостаната. Кога одите на пазарење, не ограничувајте се, сменете и купете нешто поинакво. Дома експериментирајте со плодовите. Прочитајте некој нов рецепт за новите продукти, но и за старите.
Дома секогаш имате грицки. Првата грешка е што сакате веднаш да го ослободите креденчето од слатките и грицките. Тоа мора да го изведете постапно и пред сé со замена. Наместо чипс, јадете интегрални стапчиња или пуканки, тие не се калорични, а сепак ќе ве залажуваат додека гледате ТВ.
Ја избегнувате вечерата. Во овој случај правите двојна грешка, или се прејадувате зашто знаете дека подоцна нема јадење или се залажувате со нешто слатко и чипс. Ниту еден организам не може да издржи без храна цела вечер, затоа слободно вечерајте си, ама нешто полесно, на пример житни снегулки со јогурт.
.gif)






















.gif)























