
Покрај тоа што содржи нутритиенти, таа е одличен диуретик. Главна состојка на тиквичката е водата, затоа одлично ќе ни дојде во овој период кога сакаме телото да ни биде во топ-форма.
Што содржи тиквичката?
Од витамините присутни се: витаминот Ц, А и Б2. Од минералите: манган, магнезиум, калиум, фосфор, бакар, фолна киселина.
Која е нејзината делотворност?
Поради големиот извор на калиум се препорачува на жените со остеопороза или кај луѓето со фрактури. Калиумот влијае врз брзината на заздравување на коските. Најчесто се препорачува сокот од тиквичка. Измешан во вода во комбинација со друг зеленчук, за подобрување на вкусот, сокот се пие на празен желудник пред секој оброк. Притоа не смее да се испие повеќе од половина филџан за кафе.
Освен за коските, тиквичките се одлични за срцето и за мозокот. Тие се вистински регулатори на крвниот притисок, хомоцистеинот и холестеролот. Поради присуството на растителни влакна одлично влијае на цревата, а со тоа и на лесното ослободување од токсините.
Правила за консумирање?
Исто како и лубеницата, така и тиквичката не се препорачува долго време да стои во фрижидер. Повеќе од 48 часа и таа ги губи своите хранливи вредности. Малите тиквички и оние со средна големина се далеку повкусни и подобри од големите и презреани. Можете да ги јадете, пржени, полнети или направете си ќофтиња од нив, ќе имате чувство дека јадете месо.
.gif)






















.gif)























