
Лубеницата или Бостан е зеленчук од групата тикви. Поради слаткиот вкус луѓето ја служат како десерт и ја сметаат за овошје. Свежата лубеница се консумира на повеќе начини, а особено е присутна како додаток во летните коктели.
Главната состојка на лубеницата е водата, а само 6 % шеќер. Како и другите овошја така и лубеницата е извор на витаминот Ц. Содржи големи количества на бета - каротен и ликопен.
Поради големото количество на вода се смета за одличен дуеретик. Се препорачува на луѓето кои имаат проблеми со бубрезите, бидејќи е одличен чистач на токсините. Оние кои се на диета и сакаат да одржуваат линија, може да ја јадат во неограничени количини. Ја содржи и аминокиселината аргинин која позитивно влијае на срцето, имунитетот и циркулаторниот систем.
Во едно истражување се вели дека лубеницата е одличен афродизијак. Ликопенот и бета - каротенот делуваат како биоактивни супстанци и заедно со цитрулинот делуваат врз ширењето на крвните садови. Ефектот е ист како оној на виаграта.
Се препорачува да се консумира во свежа состојба и на собна температура. Лубеницата чувана на собна температура се уште акумулира ликопен, дури за 40 % и бета каротен за 50 %, кои подоцна организмот ги претвора во витамин А. Температурата од 5 степени го забавува таквиот процес, а лубеницата за кратко време скапува.
.gif)






















.gif)























