
Сигурно секогаш кога имате менструални болки посегнувате по некое апче, но овој пат препорачуваме природна состојка која ќе ја смири острата болка која ја чувствувате во јајчниците. Станува збор за циметот. Бидејќи сепак е зачин, сварете си чај и додајте го во него. Чајот ќе ги смири цревата, а циметот ќе дејствува на болката.
Освен при менструалните болки, циметот можете да го употребувате и при болки во мускулите или зглобовите. Тој одамна е познат по своето антивоспалително дејство.
Во традиционалната медицина се користи за време на настинките или грип. Освен што ги олеснува тегобите, тој е одличен регулатор на телесната температура.
Циметот е добар поттикнувач на дигестивниот процес. Го забрзува варењето на храната со што се избегнува подуеноста на стомакот и грчевите. Поради присуството на танинот може да се употребува и при појава на дијареја.
Тој е одличен и за подобрување на апетитот, регулација на шеќерот во крвта, проблеми со мочањето и срцето. Освен за здравјето, циметот е состојка која наоѓа примена и во декоративната козметика. Почнувајќи од пастата за заби, сапуни, кармини, па сé до парфемите.
.gif)






















.gif)























