
Ајварот е традиционален македонски специјалитет без кој не можеме да ја поминеме зимата. Зборот ајвар потекнува од турскиот збор havyar што во превод значи „солена икра", затоа милуваме да го кажеме и македонски кавијар.
Саботите почнаа да мирисаат на печени пиперки додека неделите на готов ајвар, што значи дека сезоната за приготвување официјално почна. Денес на пазарот може да се најде и готов ајвар, но вкусот не може да се спореди со традиционално приготвениот во домашни услови.
Навистина работата околу ајварот е напорна, да се испечат, излупат и исчистат од семки сите тие вреќички со пипер. Но, колку имаме корист од тоа што го правиме со години наназад. Пиперките не се воопшто евтини, а сепак ги купуваме повеќе од месото.
Едно време се вртеа шпекулации дека во ајварот нема ниту еден витамин. За да видиме дали ваквиот факт е вистинит, ќе направиме анализа на содржината на пиперката.
За почеток ќе тргнеме од фактот дека пиперката содржи поголемо количество витамин Ц од портокалот. Од другите витамини се среќаваат витаминот Б, А и бета каротин, а од минералите присутени се калциумот, манган, селен, железо, бакар и калиум.
Пиперките се одлични антиоксиданси бидејќи помагаат во варењето на храната и исфрлањето на токсините од организмот. Лутите пиперчиња, а во овој случај лутеницата, се одличен природен афродизијак за во зимските денови.
И сами знаете дека секогаш е подобро зеленчукот и овошјето да се консумираат свежи, бидејќи при текот на термичката обработка се губи дел од витамините. Но, тоа не значи дека ги нема. Затоа наш совет е да ја продолжите традицијата на правење ајвар и нормално да го комбинирате во секојдневните оброци како додаток во исхраната.
.gif)






















.gif)























