
Ако во минатото крушите се сметале за дар на боговите и за луксуз, денес ги има во големо количество на пазарот, низ дворовите на куќите, а цената им е незначителна во однос на хранливите материи што ги содржат.
Постојат илјади видa од ова овошје, со различна боја, големина и форма. Луѓето, освен свежи, ги преработуваат правејќи од нив џемови, вкусни сокови, компоти и ракија.
Крушата е богат извор на витамин Ц и К, бакар и растителни влакна. Витаминот Ц е познат по елиминирањето на слободните радикали, бакарот ги елиминира супероксидирачките радикали, додека растителните влакна превентивно дејствуваат против ракот на дебелото црево.
Со оглед на тоа што кората од крушата најмногу содржи растителни влакна, не се препорачува да се лупи. Исто така таа е одличен енергетски оброк за диеталците. Бидејќи овозможува редовно празнење на цревата и одржувањето на нормалното ниво на шеќер и холестерол во крвта.
Една круша или 170 грама содржи: 3,98 грама влакна, 6,64 мг витамин Ц, 0,19 мг витамин К, и има само 97,94 калории.
Крушата треба да биде незаменливо овошје на секое мени, почнувајќи од најмалата возраст, па сé до старите луѓе. Бидејќи не предизвикува алергии, крушата е првото овошје што го вкусуваат доенчињата. Особено се препорачуваат на современите луѓе што живеат динамичен, стресен живот и кои често се соочуваат со колапс.
Неколку рецепти со круши:
Против анемија и слабокрвност - 80 суви круши се ставаат во сад и се прелеваат со црвено вино. Се остава 10 дена на топло место, а потоа може да се користи. Се пие исклучиво попладне и треба да се внимава крушите да не останат на суво.
Овошна каша од круша за вашето малечко - Потребно: 150 гр. круша, 2-3 супени лажици пченкарни или оризови снегулки.
Подготовка: крушата се пасира или блендира, се додаваат снегулките и се меша убаво за да нема грутки. Може да наместо снегулки да ставите мелени бисквити или мелен двопек. По желба може да засладите со мед.
Тост со кашкавал и круша - Лебот се премачкува со маргарин. Одозгора се редат парчињата кашкавал и шунка и се ставаат во рерна да се печат, која претходно е загреана на 250 степени. Лепчињата печете ги 7 - 8 минути. А во меѓувреме загрејте ги крушите. Врз секое лепче ставете по пола круша, полнета со џем.
.gif)






















.gif)























