
Поголемиот процент од содржината на тиквата е вода, затоа се смета за одличен оброк во секој режим. Го храни организмот и овозможува внесување витамини, минерали, вода, а многу малку маснотии.
Витамини во меснатиот дел:
Меснатиот дел од тиквата содржи витамин Е и бета-каротен. Како силни антиоксиданси се одлични за превенција од непријателот број еден - РАКОТ. Содржи и помало количество витамин А и Ц кои го зајакнуваат имунолошкиот систем.
Изобилството на витамини од групата Б, Б1, Б3, Б5 ја прават тиквата најдобриот природен антидепресант. Недостигот од витамин Б го покачува стресот, нервозата, а можете да западнете и во депресија. Парче печена и варена тиква, која воопшто не содржи калории, ќе го подобри вашето расположение.
Минерали во меснатиот дел:
Плодот на тиквата е непроценлив извор на калиум, манган, бакар, како и на растителни влакна што ја подобруваат функцијата на дигестивниот систем и воспалението на цревата. Содржи и алфа-линоленска киселина, есенцијалните омега-3 масни киселини, кои го намалуваат ризикот од срцеви болести.
Благодарение на целулозата што ја содржи тиквата, таа има способност да го прочисти организмот од штетните материи. Девојките што имаат проблеми со акните добро е почесто да го јадат овој богат есенски плод.
А што има во семките?
Семките на тиквата содржат околу 30 % незаситени масла и богати се со железо, цинк, фосфор и селен. Семките од тиква треба да бидат незаменлив додаток во исхраната на мажите. Непроценлива е нивната улога во заштитата на простатната жлезда.
Порано семето од тиква се користело за регулирање на мокрењето и цревните паразити, особено кај децата. Маслото од тиква, пак, има уште една предност за мажите. Имено тоа влијае на зајакнување на потенцијата, а и го забрзува постоперативното закрепнување.
.gif)






















.gif)























