
Вашиот имунитет зависи од вашите навики во исхраната. Доколку не се храните правилно, ризикувате да бидете жртва на сите болести и настинки. Секој организам има дневна потреба од витамини и минерали за нормално да функционира.
Сигурни сме дека ова веќе го знаевте, но кај вас постои проблемот на немање доволно време. Колку и да сакате, не можете секогаш да уживате во свеж и здрав оброк. Брзата храна стана дел од вашето секојдневје.
Последиците од тоа се страшни, константен замор, недостиг од енергија, и други посериозни тешкотии на организмот. Сето тоа е резултат на недостиг од одредени витамини и минерали. Тој недостиг мора да се надополни со готови суплементи.
Недостигот од калциум предизвикува остеопороза, недостигот од железо предизвикува анемија, недостигот од цинк предизвикува слабеење на видот, недостигот од магнезиум го разболува срцето. Доволно јасна ви е зависноста на здравјето од витамините и минералите.
Но, и тука постојат правила. Не значи дека ако витамините се здрави за организмот, може да ги земате во неограничено количество. Прекумерното земање на витамините може да ја наруши природната рамнотежа на хранливите материи.
Некои од витамините како витаминот А, Д, Е и К може да бидат токсични. Тука особено треба да внимаваат трудниците и луѓето што примаат редовни терапии. Што значи, готовите суплементи се препорачуваат, но дневната доза најпаметно е да ја утврди лекар.
Кога се чувствувате уморни, раздразливи, немате апетит, ви се врти, можете на своја рака да пиете витамин Ц и Б. Имунитетот слабее или, пак, организмот се подготвува да настинува. Тогаш е јасно дека имате недостиг од витамини. Секако не заборавајте на овошјето и на зеленчукот, сепак природно си е природно.
.gif)






















.gif)























