
Малку по малку, но почнавме брокулата да ја внесуваме во нашата исхрана. Дали во супа, сварена или похувана, се среќава во рестораните. Нејзиниот вкус е близок до оној на карфиолот, а нејзината енергетска вредност оди до крајност.
Состав на брокулата:
Витамини: А, Ц, Е, Б, а особено Б9.
Минерали: калциум, магнезиум, железо, бета-каротен, фолна киселина.
Полезна за органите:
Ги штити цревните слузници. Лесно се вари, содржи растителни влакна што влијаат во одржувањето на цревната флора.
Одлична е за здравјето на срцето. Крвните садови стануваат еластични со што се подобрува циркулацијата. Таа го поттикнува производството на ензимите што го штитат срцето од оштетувања.
Ја одржува функцијата на белите дробови. Белите дробови може да се оштетат и од обичен грип, доколку тој стане хронична болест или прерасне во пневмонија. Особено во ерата на свинскиот грип, белите дробови се изложени на најголем ризик. Но, состојката во брокулата, позната како сулфорапан, ја зголемува активноста на генот NRF2 во клетките на белите дробови и така ги штити од оштетувања предизвикани од токсините.
Го штити мозокот. При повреди на мозокот доаѓа до оштетување на значајни протеини. Истражувањата покажале дека брокулите ја намалуваат загубата на функциите на тие протеини. Заштитните својства ѝ се препишуваат на состојката сулфурафан.
Се бори со болестите:
Дијабетес. Брокулата е најголем извор на хром кој е неопходен за намалување на шеќерот во крвта. Ако дневно дијабетичарите треба да внесат 25 милиграми хром, само во 100 грама брокула има 22 милиграма.
Рак. Со оглед на тоа што е антиоксиданс кој влијае експресно, брокулите го забавуваат оштетувањето на клетките што настанува под дејство на слободните радикали. Содржи состојки што се нарекуваат сулфорани, природни хемиски материи што даваат препознатлив вкус и може да го поттикнат самоуништувањето на клетките на ракот.
Стрес. Одлично се справува со стресот и депресијата. Им се препорачува на сите луѓе, особено на децата во развој, спортистите и на трудниците (поради фолната киселина). Причината е нејзиниот состав кој се одликува со висок процент на витамини и минерали.
Слабеење на видот. Секојдневното изложување на УВ-зраци доведува до пегаста дегенерација на окото, која е една од главните причини за губењето на видот. Утврдено е дека брокулите може да го заштитат окото од УВ-зрачењето со јачина шест.
.gif)






















.gif)























