
Освен што припаѓаат во категоријата здрава исхрана, печурките илјадници години се користат како лек од разни болести вклучувајќи ги и малигните.
Лековитите печурки содржат полисахариди кои влијаат на одбрамбеноста на организмот, перпознавањето на малигните клетки, нивно уништување и повторното враќање на организмот во рамнотежа. Без нормалното функционирање на имунолошкиот систем нашето тело е изложено на ризик од секакви инфекции и болести.
Во последно време многу се зборува за шитаки печурките или уште познати како еликсир на животот. Оваа печурка изобилува со минерали, аминокиселини и голем број на витамини.
Еве што се штити:
Шитаки печурката го содржи полисахаридот- Лентинан. Овој полисахарид освен за редовното јакнење на организмот, се препорачува да се користи за време на малигните заболувања, за време и после хемотерапијата и зрачење.
Го спречува растот на тумурот, го намалува крвниот притисок, го штити срцето, делува антивирусно.
Помагаат кај испукани капилари.
Содржат еритаденин, високо незаситени масни киселини, хистински влакна и други материи кои го одржуваат нивото на шеќер во крвта. Затоа се препорачуваат на луѓе со дојагностицирани шеќерни болести.
Особено за вас се важни бидејќи штитат од многу женски болести, како рак на дојката и дебелото црево, болести на матката и јајниците и различни метастатски тумори.


















































