
Срцето е мускулен орган. Преку вежбањето се забрзува неговата работа при што, тоа пумпа поголемо количество крв. На овој начин срцето добива повеќе кислород, а се ослободува од токсините и холестеролот. Нутриционистите успеале истиот процес да го постигнат преку здравата исхрана.
На секој му се потребни масти.
Не бидете во заблуда дека мастите се штетни, тие се гориво за организмот. Не се откажувајте од нив, туку внесувајте здрави масти како што содржат видовите семиња, маслиновото масло, рибино масло, оревите, лешниците... Овие масти не само што штитат од срцеви заболувања, помагаат и во намалувањето на крвниот притисок, создавањето моќни хормони и градење на здрав нервен систем.
Големото количество на заситени масти во вашето тело, збогатено со нула денови вежбање, го зголемува нивото на холестерол во крвта. Покачениот хлестерол води до згуснување на крвта и затегнување на артериите.
Наједноставен начин да ги избегнете заситените масти е да не јадете преработена храна, масно месо, полномасно млеко и јогурт. Со избегнувањето на преработената храна оставате здравите масти да ја завршат работата. Следниот ручек сварете го или испечете го наместо да го пржите.
Храна богата со витамин Е.
Витаминот- Е, е растворлив во масти, затоа ви се потребни за да може да го апсорбирате овој значаен витамин. Храната богата со витамин Е ги зајакнува крвните садови, го намалува крвниот притисок и ја разретчува крвта од мастите. Задолжително купете многу зелен зеленчук, авокадо, ореви, житарици, сите тие се одличен извор на овој витамин.
Доколку примате терапија за крвен притисок треба да знаете дека витаминот Е и лукот го имаат истиот ефект како и лековите, ја разредуваат крвта.
.gif)






















.gif)























