berat_zelencukМоето дете сака да стане вегитаријанец?
Темел на одлука, позитивни аспекти кои ќе ги прочитате.
dolg1Забавни факти зошто да имате секс вечерва!
Ако имате барем 100 оргазми годишно ќе си го продолжите животниот век за 8 години. 
tikvicki_1Тиквички – витамински еликсир за организмот
Покрај лубеницата, во летното мени не смее да изостане ни тиквичката.
42-182799361 ДЕЛ: Вежби за на снег
Пешачењето и трчањето приспособете го на зимски услови.

Гравот може да го замени и месото!

42-15246746

Тие што немаат пари за месо јадат грав. Барем така е кај нас, гравот се смета за сиромашна храна. Да навистина гравот не е омиленото јадење на аристократите, всушност тој е наменет за паметните луѓе што знаат дека неговата цена не е мерило за неговата хранлива вредност.

Според нашата традиција грав се јаде во петок, посните слави не може да поминат без него, а најприсутен е на трпезите во текот на зимските месеци.

НУТРИТИВЕН СОСТАВ НА ГРАВОТ.

Гравот содржи антиоксиданси, поголем број на протеини од месото, есенцијални аминокиселини - фолна киселина, јаглеродни хидрати - скроб, белковини, висока енергетска вредност (100 грама грав содржи 143 kcal).

ПРЕДНОСТИ НА ГРАВОТ:

Гравот е евтин зеленчук што лесно се приготвува.

Антиоксидансите се борат со слободните радикали во организмот, од тие причини гравот влегува во категоријата зеленчуци што штитат од канцер. Гравот го намалува растењето и ширењето на туморот, а одлично се покажал и во борбата против рак на дебелото црево и простатата.

Гравот го намалува количеството на холестерол во крвта.

НЕДОСТАТОЦИ НА ГРАВОТ:

Луѓето најчесто го избегнуваат гравот бидејќи им создава гасови и надуеност во стомакот. Причината за тоа е лушпата на гравот. Таа е богата со сирови влакна и други материи што несварени пристигаат во дебелото црево.

Луѓето што страдаат од тегоби во желудникот треба да го ограничат консумирањето на гравот бидејќи освен што тешко се вари, го зголемува нивото на киселини, а со тоа го дразни желудникот.

СООДВЕТНО КОНСУМИРАЊЕ НА ГРАВОТ:

Гравот не треба да се јаде со месо, риба и јајца, бидејќи со нивна комбинација се зголемува киселоста на крвта и мочката.

Најдобро е гравот да се консумира со житарици и свежо овошје. Таквиот оброк содржи полна доза на есенцијални аминокиселини неопходни за човекот.

ЗОШТО Е ДОБАР ЗА ЖЕНИТЕ?

Научно е докажано дека гравот го намалува ризикот од рак на дојка.

Најмногу им се препорачува на трудниците поради присутните количества на фолна киселина.

Гравот добро ќе им дојде и на оние што работат на својата линија. Неговата висока енергетска вредност, а пред се присутниот скорб, дава долготрајно чувство на ситост.



 
Unique-avgust

Error: Any articles to show

11-02-2012
Ѕирни ги новите креации на познатите модни дизајнери
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
prev
next
News image

Paul Walker

News image

Chris Evans

News image

Zac Efron

News image

Antonio Banderas

News image

Ricky Martin

News image

Colin Egglesfield

News image

Jeffrey Dean Morgan

News image

Gerard Butler

News image

Seann William Scott

News image

Charlie Sheen

News image

Jason Priestley/Luke Perry

News image

Russell Crowe

Успеав да го добијам работното место со... (потсетување: анонимно!)