
Ѓумбирот е одличен за смирување на стомачната болка и дијареата
Се разбудивте со затнат нос, болки во грлото и неподнослива главоболка. Постојано ви студи и немате желба ниту сила да станете од кревет. Ја измеривте температурата, не е многу висока 37 со 5 степени, но не е ни за потценување со оглед на тоа што ве врза за креветот.
Се прашувате дали да смогнете сили и да станете од креветот за да појдете на работа...или да се јавите и да кажете дека ќе земете боледување. Ова е навистина голема дилема со која се соочуваат луѓето што се во работни односи.
Пред очи ви е лутата фаца на шефот, скратената плата на крајот од месецот, постојаното ѕвонење на мобилниот бидејќи колегите не може да функционираат без вас...доволно за да заборавите на настинката.
ЗАДОЛЖИТЕЛНО ТРЕБА ДА ЗЕМЕТЕ БОЛЕДУВАЊЕ АКО:
- Знаете дека ќе се мачите тие осум часа и дека нема да успеете ништо да сработите, а да не зборуваме дека може и повеќе да се разболите.
- Ги изложувате колегите на ризик да се заразат од вирусот, ако имате свински грип тогаш задолжително мора да се изолирате.
- Имате постојана желба да лежите, тоа е нешто што морате да си го дозволите за организмот да оздрави. Некои луѓе едноставно не знаат да сопрат со работа, а тоа негативно се одразува на целото тело.
- Пиете лекови што влијаат на концентрацијата и способноста за работа. На пример, лековите што се препишуваат за силни болки предизвикуваат вртоглавици и желба за повраќање.
ИСХРАНА ЗА БОЛНИТЕ ОД ГРИП:
Секој кога е болен од настинка или грип има свој ритуал на лекување со храна. Лимон, чај, чорапи со оцет или масажа со ракија се неколкуте домашни трикови што ги користиме за подобрување на состојбата. Освен тоа можете да пробате и со следново:































































