
Многу жени патат по тоа да имаат малку поголеми гради.
Естрогенот е одговорен за формирање и растот на градите за време на пубертетот, па жените кои прерано излегуваат од тоа развојно време, обично имаат помали гради. Многу жени патат по тоа да имаат малку поголеми гради, солидна големина со која би се гордееле и убаво би го исполниле своето деколте.
Но, реалноста е таква каква што е. Сите жени сметаат дека единствен начин за добивање поголеми гради е естетската хирургија, односно вградувањето на силикони.
Но, постои и друг начин, а тоа е зголемено внесување на естроген во телото по пат на храна.
Естрогенот е многу влијателен хормон кој е заслужен за развивањето на женските облини во пубертетот, ни и за појавата на менструалниот циклус.
За жал на многу жени, пубертетот им завршува пред да им се развијат доволно градите, па од него излегуваат со мал граден кош. Но, ако го зголемите внесувањето на овој хоромон во телото, нема да ви треба операција за зголемување на градите - телото само ќе ја изврши оваа задача.
Бидејќи естрогенот е природна состојка, можете да го добиете од многу билки. Во природата, тој се нарекува фитоестроген (растителен естроген), кој можете да го добиете од сојата, тофуто и семките од лен.
Идеална дневна количина од овие продукти би изнесувала 100 до 200 милиграми, односно толку колку што содржи 350 грама млеко од соја или 75 грама сирење од соја. Оваа храна делува и при намалување на менструални тегоби, но и зголемена температура.
Други продукти богати со фитоестроген се индискиот орев, кикириките, житарките, пченката, пченицата, јаболкото и бадемите.

























































