Без вода нема живот, оваа фраза на сите ни е многу добро позната, но колку сериозно ја сфаќаме? Денес луѓето, особено децата,
се помалку имаат навика да пијат вода. Постојат и случаи на деца што буквално се гадат да пијат вода иако таа нема вкус и мирис. Од тие причини бројот на заболените од камен во бубрег се зголемува од година во година. Имајте на ум дека вода си е вода, неа не може да ја замени ниту еден сок без разлика што е евтин!
ПРАВИЛА ЗА ПИЕЊЕ ВОДА:
- Генерално, светски познатите нутриционисти препорачуваат дневно да се пијат по 8 чаши вода.
- Ако практикувате да спортувате тогаш количината на водата што ја пиете ќе мора да се зголеми.
- Можете да го намалите бројот на чашите ако често пиете друг тип на течности, но тоа не значи во целост да ја замените водата.
- Правилото дека и покрај останатите течности, мора да се испие 2 литри вода е апсурдно. Супата, чајот, сокот...се тоа влегува со мал процент во задолжителната дневна количина вода за пиење.
- Вода се пие пред јадење, но никако во текот или после јадењето. Водата ги разградува желудочните сокови и на тој начин се забавува процесот на варење на внесената храна.
ЈА ОДРЖУВА ЛИНИЈАТА!Водата го забрзува метаболизмот и прави да се чувствувате полни. Обидете се соковите да ги замените со вода, а пред секое јадење практикувајте да испиете една чаша. Студената вода е уште подобра за слабеење бидејќи телото ќе искористи многу повеќе калории за да ја затопли.
-
Време е омилениот зеленчук на Catherine Zeta Jones да пристигне и на вашата трпеза.
...
-
Пишувањето на листа неопходни продукти ќе го спречи импулсивното купување во супермаркетот.
...
-
Дури 47% од жените кажале дека најсуровите коментари за својот изглед ги добиле од семејството.
...