Витамините се магични супстанци и најголем пријател на човековиот организам што му помага да се избори од болестите во било кое доба од животот. Но, залудно ги внесуваме ако нивното дејство е уништено. Сигурно ви е познато дека некои лекови и супстанци ги уништуваат витамините на пример, познато ви е дека високата температура е смрт за витамините во зеленчукот.
Што значи не е доволно само да знаете кој витамин во кое овошје и зеленчук да го побарате или упорно да јадете големи количества витамински производи. Најважно од се е правилно да се внесуваат витамините за максимално да се искористи нивното полезно дејство врз организмот.
Еве ги комбинациите што не смеете да ги внесувате:
МОРКОВ + РАФИНИРАНО ПАРАФИНСКО МАСЛОМорковот е извор на каротин и витамин А. Но, не и кога тој ќе дојде во контакт со рафинирано парафинско масло. Маслото оневозможува провитаминот А од морковите да се претвори во витамин А.