МЕШУНКАСТИ РАСТЕНИЈА

Гравот и останатите мешункасти помагаат во регулирање на циклусите сонови
Гравот и останатите мешункасти растенија располагаат со витамини од групата Б, односно со витамините Б6 и Б12, кои помагаат во регулирање на циклусите сонови и лачењето на хормонот серотонин што ги регулира температурата, апетитот, чувствата, болките, однесувањето, крвниот притисок и дишењето. Кога консумирањето на овие продукти е во нормални количини, тогаш добивате чувство на задоволство и ментална отпуштеност.
ЗДРАВИ МАСТИ

Здрави масти ќе најдете во рибата, најмногу во лососот и харингата
Здравите масти кои се наоѓаат во лососот и харингата го зголемуваат количеството на хормонот мелатонин. Овој хормон помага да се воспостави рамнотежа во навиката за спиење и менталната смиреност, а со тоа се регулира и сонот.
МАГНЕЗИУМ И КАЛЦИУМ

Калциумот го поттикнува лачењето вода од организмот и со тоа ја олеснува работата на бубрезите
Големото учество на магнезиумот во вашата исхрана е доста важен за организмот. Магнезиумот е неопходен за работата на мускулите и срцето. Калциумот пак го поттикнува лачењето вода од организмот и со тоа ја олеснува работата на бубрезите и срцето, го намалува крвниот притисок и врши прочистување на целиот организам. Калциумот природно се наоѓа во свежото овошје, зеленчукот, житариците, млечните производи и рибата.
ПОСЛЕДИЦИ ОД НЕСОНИЦА!
Недостатокот на сон може да има влијание врз душевните пореметувања, нарушеното здравје и консумирањето на одредени лекови. Бројните истражувања покажуваат дека премалата количина на сон го зголемува ризикот од болестите на срцето и крвните садови, доведува до пореметување на телесната тежина, а со тек на време и до депресија. Докажано е и дека лошиот сон предизвикува деконцентрација на работното место, ја зголемува нетрпеливоста кон претпоставените, а може и да биде причина за една непосакувана дремка на работното место.






































