aniston1Како до телото на Jennifer Aniston?
Четириесет и две годишната актерка во своите дваесетти била 13 килограми подебела.
razlicni_kompircinjaВитамини и минерали на едно место!
Дали знаете дека компирот изобилува со голем број на витамини и минерали?
easterДали се слабее со постење?
Постењето е одлична детоксикација за организмот ако ги почитувате правилата.
kazuva3 работи кои треба да престанете да си ги...
Од денес започнете да се обраќате себе си како на некој многу близок пријател!

Растителните влакна во исхраната

fruit_anad_vegetable

За жените под 50 години се препорачува 25 грама растителни влакна дневно, а за оние над 50 години, околу 21 грам

Веројатно сте свесни за важноста на продуктите богати со растителни влакна и како тие влијаат врз вашето здравје. Но, дали вам навистина ви се потребни повеќе растителни влакна во вашата исхрана и како да го препознаете недостатокот од растителни влакна во вашиот организам? Телото е способно само да сигнализира кога има недостиг од растителни влакна.

Растителните влакна можете да ги внесете скоро со секое овошје или зеленчук, лебот и тестенините, житариците и кафениот ориз. За жените под 50 години се препорачува 25 грама растителни влакна дневно, а за оние над 50 години, околу 21 грам. Еве неколку сигнални знаци дека организмот е осиромашен со овие важни хранливи материи:

ТЕГОБИ И БОЛКИ ВО СТОМАКОТ

Ако вашите црева се навикнати на одредена работа, тоа не значи дека сте потполно здрави. Храната богата со растителни влакна помага во работата на цревата. Ако често страдате од тврда столица, тоа значи дека веројатно не јадете доволно продукти кои содржат растителни влакна. Лицата кои често имаа пролив, исто така треба да консумираат продукти кои се богати со овие хранливи материи, бидејќи растителните влакна ја апсорбираат водата од организмот.

ЗГОЛЕМЕН ХОЛЕСТЕРОЛ

Зголеменото ниво на холестерол во организмот може да биде резултат на повеќе предизвикувачи, но не треба да се изненадите ако ваквата состојба е предизвикана од недостатокот на растителни влакна во вашиот организам. Овие влакна го намалуваат холестеролот, ги смируваат воспалените процеси и го намалуваат крвниот притисок

ЗГОЛЕМЕНО НИВО НА ШЕЌЕР ВО КРВТА

Продуктите богати со овие хранливи материи се благодат за дијабетичарите бидејќи го забавуваат апсорбирањето на шеќерот во крвта, што значи дека со консумирањето на растителните влакна, шеќерот во крвта се стабилизира. Исто така, вклучувањето на растителните влакна во секојдневната исхрана го смалува ризикот од дијабетес.

ДЕБЕЛИНА

Вишокот на килограми исто така може да сигнализира дека во исхраната треба да ги вклучите  растителните влакна. Секако, најпрво треба да ја намалите и големината на порциите кои ги внесувате во организмот. Зошто е сето тоа потребно? За почеток, треба подолго да ја џвакате храната, со тоа ќе успеете побрзо да се заситите. Дури и ако јадете еднаква количина на храна, но збогатена со растителни влакна, ќе почнете да губите килограми, бидејќи храната богата со овие хранливи материи содржи помалку калории по грам.



 
Unique-avgust

Error: Any articles to show

11-02-2012
Ѕирни ги новите креации на познатите модни дизајнери
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
prev
next
News image

Paul Walker

News image

Chris Evans

News image

Zac Efron

News image

Antonio Banderas

News image

Ricky Martin

News image

Colin Egglesfield

News image

Jeffrey Dean Morgan

News image

Gerard Butler

News image

Seann William Scott

News image

Charlie Sheen

News image

Jason Priestley/Luke Perry

News image

Russell Crowe

Успеав да го добијам работното место со... (потсетување: анонимно!)