
Како што велат нашите баби, кога сме болни, нема подобар начин за закрепнување од топла домашна супа
Супата има лековита моќ. Оваа фраза ја имаме чуено од нашите баби, но и научниците го потврдуваат истото. Супата помага за зајакнување на имунитетот, но и при ослободување на вишокот килограми.
Добро ни е познато дека добар доктор прво лекува со храна, а потоа со лекови. Па токму затоа лековитоста на супата треба да се искористи како еден од првите чекори во спречување на болестите. Терапевтската вредност на супата лежи во нејзините состојки. Ние ви ги откриваме нејзините тајни со чија помош вашиот организам ќе биде здрав.
Избркајте ја настинката со супа
Првата потврда за лековитата моќ на пилешката супа ја дал познатиот доктор Мoses Maymonid во дванаесеттиот век. Кога султанот Saladin, моќен муслимански војвода, го замолил да му даде лек за синот кој боледувал од астма, се раскажува дека Maymonid му препишал пилешка супа. Не било важно тоа што супата се правела од мрсни стари кокошки без кромид, сепак, за Maymonid таа имала вистински лековити својства.
Намалете ги килограмите
Јадете супа и намалете ја својата тежина. Научниците докажале дека супата пред главното јадење може да помогне во контролирање на телесната тежина. Една чинија домашна супа дневно ги отстранува сите токсини од организмот и овозможува брзо трошење на калориите. Пожелно е супата да биде подготвена со свеж зеленчук . Доколку забележите дека почнувате да се дебелеете, спречете ги сите можни компликации со срцето, ракот и дијабетесот со помош на супата.
ИСТРАЖУВАЊЕ ЗА СУПА...
Истражувањето кое што било спроведено во Пенсилванија покажало дека луѓето кои што јадат супа пред главното јадење внесуваат 20 проценти помалку храна од оние кои не го прават тоа.
Зајакнете го имунитетот
За да функционира правилно на нашиот организам му требаат многу минерали. Супата секогаш приготвувајте ја на тивок оган, бидејќи со варењето на продуктите на висока температура многу лесно можете да ги уништите витамините. За силен имунитет потребни ви се моркови, кељ и свеж ѓумбир, лук, оригано или печурки, зависно од тоа што ви одговара. Важно супите да бидат лесни за варење, а најголем внес на калории е забележан со крем супите од зеленчук, како печурки, брокули итн.
|
Познатиот композитор Verdi имал навика да изеде полна чинија супа со тестенини пред секое компонирање, a Mikelangelo секогаш кога работел барал од слугите да му донесат супа и леб за инспирација. |
Згрејте се во зима со топла супа
Во зима телото е сака повеќе топлина, а супата токму тоа го овозможува. Најдобри намирници кои го овозможуваат тоа се лукот, кромидот, спанаќот, брокулите, тиквиците, компирите и морковите. Супата помага и во циркулацијата со чија помош телото се бори против студот.
Побрзо закрепнете со чинија супа
Токму како што велат нашите баби, кога сме болни, нема подобар начин за закрепнување од топла домашна супа. Супата му овозможува на телото полесно да се бори со инфекциите, а најдобра во тоа е домашната пилешка супа со тестенини. Пилешката супа во сезоната на грип е задолжителна ставка на дневното мени. Понекогаш и не мора да биде пилешка, можете да одберете и телешка или говедска, но предност дајте и на супата со зеленчук.


















































