
Секој плод, без разлика дали е овошка или зеленчук, носи во себе хранлив код од витамини и минерали.
Дали денес јадевте салата? Секојдневното консумирање салата е една од најздравите и наједноставните навики што можете да ги посвоите. Експертите велат дека тоа е најбрзиот начин за стопроцентно внесување витамини.
Зелената салата ја има на менито во речиси секој ресторан, а за да ја подготвите во домашни услови ви се потребни помалку од 10-тина минути. Одлични се за освежување на организмот, а веселите и разновидни бои и вкусови, се доволни за да ги привлечат и децата.
Но, салатата не мора да ја правите само од зеленчук, слободно вклучете го и овошјето. Во комбинација, може да дојде се што ќе најдете дома. Вака ќе добиете нискокалоричен оброк, богат со витамини.
Ако не успеавме да ве увериме, еве уште 4 научно докажани причини зошто уште денес треба да јадете салата:
ЈАДЕТЕ САЛАТА ПОРАДИ РАСТИТЕЛНИТЕ ВЛАКНА:
Садот полн со разновидно овошје или зеленчук е всушност сад исполнет со неопходните растителни влакна што многу тешко се внесуваат. Едно јаболко на ден не доволно за да се задоволи дневната потреба, но затоа јадењето салата со секој оброк, а понекогаш и како главен оборк, ветува поголеми шанси за задоволување на потребите. Исхраната базирана на растителни влакна го зајакнува имунитетот, го одржува холестеролот, го намалува вишокот килограми, а ве држи сити.
ЈАДЕТЕ САЛАТА ПОРАДИ НУТРИТУИТИВНАТА ВРЕДНОСТ НА СЕКОЈ ПЛОД:
Секој плод, без разлика дали е овошка или зеленчук, носи во себе хранлив код од витамини и минерали. Затоа не правете разлика бидејќи од секое имате корист.
Редовното консумирање зелена салата значително ја подобрува крвната слика и ги зголемува одбрамбените антиоксиданси (витамини Ц, Е, фолна киселина, лукопен, алфа и бета каротен), особено ако салатата се базира на свеж зеленчук. Токму овие антиоксиданси ќе му помогнат на организмот да се одбрани од штетните молекули наречени слободни радикали.
Со години наназад, истражувачите гледаат врска помеѓу редовното консумирање овошје и зеленчук и намалениот ризик од рак. Нодамнешната студија на Националниот Институт за Рак, вели дека луѓето чија исхрана се базира на овошје и зеленчук, имаат помали шанси да заболат од рак на главата и вратот вклучувајќи ги и оние што пушат цигари. Особено вредни се покажале: гравот, грашакот, леќата, пиперката, доматот, морковите, јаболката, праските, крушите, сливите и јагодките.
ЈАДЕТЕ САЛАТА ЗА ДА ОДРЖУВАТЕ НОРМАЛНА ТЕЛЕСНА ТЕЖИНА:
Доколку целта ви е да ги намалите килограмите, а при тоа не сакате да го загрозите вашето здравје, удрете на јадење салати. Што повеќе салата тоа подобро, желудникот ќе има што да вари, а вашиот апетит ќе биде задоволен со минимум калории.
ЈАДЕТЕ САЛАТА ПОРАДИ ЗДРАВИТЕ МАСТИ:
Комбинацијата од салата и масло (маслиново, она од бадеми или авокадо) ќе му помогне на организмот да ги абсорбира во целост, ликопенот од доматите и лутеинот од темно зелените зеленчуци. Вие секогаш можете зеленчукот да го јадете свеж (доматот како јаболко), но ваквите природни масла се неопходни фактори за заштита на срцето, а делуваат и антиканцерогено.
УНИВЕРЗАЛЕН РЕЦЕПТ ЗА ЗЕЛЕНА САЛАТА:
Исечкајте марула, шери домати, младо кромитче, рокула, а може и краставица или пиперка по вкус. На оваа основа можете да експериментирате...некогаш направете ја посна со туна или морски плодови, маслиново масло и цеден лимон, а ако сте по месото, додајте бело пилешко и коцки двопек како во Цезар салата. Добар апетит!






































