go_gleda_stomakot5 чекори до рамен стомак
Речиси и не постои жена која не посакува да има рамен стомак, со добро обликувани стомачни мускули.
so_trenerСтанете свој личен тренер и бидете фит
Сепак вие најдобро го познавате вашето тело.
jadenja_sto_gi_topat_kilogramite7 продукти за топење килограми
Откријте со кои продукти се намалува тежината и прекинете го гладувањето!
jogamal8 јога чекори до хармонија
Јогата ја бара смислата на внатрешните доживувања и им ја дава посакуваната насока.

Исхрана по боја

Дали знаете дека бојата на овошјето и зеленчукот има значење и може да ви помогне да составите паметно мени? Освен што е очигледен показател за тоа колку е свеж плодот и како е преработен, бојата ги открива и хранливите вредности. Токму тоа е предноста што треба да ја искористите.

Декорираната храна во чинијата секогаш успева да разбуди апетит, иако јадевте пред половина час. Всушност нутриционистите велат дека прехраната започнува со очите - боите и мирисот први ги задоволуваат сетилата. Но, да се вратиме на значењето на боите:

ЗЕЛЕНА

green_food

Зелената храна не дебелее!

Познато е дека зелената боја делува смирувачки, токму затоа нутриционистите ја препорачуваат на луѓето кои имаат навика брзо да јадат. Храната треба да се јаде полека; убаво сомелената храна ја олеснува работата на желудникот со што се забрзува исфрлањето на непотребните материи. Зелениот зеленчук (марула, краставица, тиквички, брокула, спанаќ, зелка) содржи многу железо, минерали и витамини, а со тоа позитивно делува на видот, забите и коските. Најдобрата вест е тоа што можете да го јадете во неограничени количини бидејќи воопшто не дебелее.

СИНА

blue_food

Сината храна го забавува стареењето!

Сината или виолетовата храна, како што се модрите патлиџани, шумското овошје, грозјето, сливите и смоквите, позитивно делува на излачувањето урина, го забавува стареењето и го подобрува помнењето. Покрај тоа, ја намалува можноста за развој на тумор и кардиоваскуларно заболување.

ПОРТОКАЛОВА

orange_food

Портокаловата храна е идеална за сончање!

Портокаловата боја значи виталност. Бидејќи ја подобрува дигестијата, се препорачува во вашата чинија секогаш да има по некој морков или после оброкот каснете портокал, мандарина, диња или праска. Но, портокаловите плодови се одликуваат со висока енергетска вредност, ако сакате да ја избегнете, направете компромис со лимон и грејпфрут. Портокаловото овошје и зеленчук, позитивно делува на имунолошкиот состав, видот и кожата. Исто така го намалува ризикот од тумор и кардиоваскуларни болести. Особено се препорачува да ја консумирате пред изложување на сонце.

ЦРВЕНА

red_food

Умерено со црвената храна, секогаш ќе ве остави гладни!

Исто како и портокаловата храна, така и црвената се препорачува пред сончање бидејќи го поттикнува лачењето на меланинот одговорен за заштита на кожата од сончевите зраци. Во црвеното овошје и зеленчук се крие рецептот за вечна младост - го кочат создавањето на слободни радикали, а со тоа го забавуваат стареењето. Но, не смеете да претерувате со црвената храна од причина што го буди гладот и предизвикува нервоза. Од друга страна, цвеклото, црвената пиперка, лубеницата, црешите, јагодите...позитивно делуваат врз имунитетот и го подобруваат памтењето.

ЖОЛТА

yellow_food

Жолтата храна го подобрува варењето.

Жолтата храна е решение за стресот бидејќи на телото му ја враќа потребната енергија и снага. Од тие причини, за време на стресот, јадете банани и ананас. Покрај ова, жолтата храна позитивно влијае на варењето на храната, еластичноста и свежината на кожата.




 
Банер
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 7
  • 8
  • 9
  • 10
  • 11
prev
next
News image

Овен (21 Март - 19 Април)

Што и да направите денес не ги притискајте вашите емоции. Ако ги ставите во шише нема да помине долго пред да експлодираат, па подобро не ограничувајте ги за да нема престрашени гледачи.                                                  

News image

Бик (20 Април - 20 Мај)

Дали вашиот љубовен живот стагнира? Ако сте сингл, сега е дефинитивно време да превземете ризик. Ако сте во пар време е да почнете отворено да зборувате.                                        

News image

Близнаци (21 Maj - 21 Јуни)

  Денес може да сте малку збркани, па запишете се што треба да сторите и потоа тргнете на работа! Ако не можете сами да се организирате, тогаш побарајте помош од пријател.                                          

News image

Рак (22 Јуни - 22 Јули)

Ова е ден полн во можности за вас, па искористете ја сета одлична енергија. Ако сакате да започнете нешто ново сега е вистинското време, светот бара акција!                                    

News image

Лав (23 Јули - 22 Август)

Ова не е време да размислувате за се рационално, но сепак треба да ја послушате причината. Само верувајте му на инсинктот и направете проверка ако добар пријател ве советува така.                                        

News image

Девица (23 Август - 22 Септември)

Денес поминете што повеќе време со луѓето околу вас, потребни сте им, но и тие ви се потребни вам. Може да се работи за кратка финасиска криза или за вештина која треба да ја надградите.                                        

News image

Вага (23 Септември - 22 Октомври)

Останете колку што можете пофлексибилни денес, во спротивно ќе заостанете. Ако се навикнете на новиот распоред или новата понуда, сигурно ќе постигнете големи поени.                                    

News image

Скорпија (23 Октомври - 21 Ноември)

Потребно ви е гориво, па излезете и наполнете ги резервите. Дефинитивно копнеете за нешто ново, кое може да дојде од речиси било каде, па излезете и пробајте нешто диво.                                        

News image

Стрелец (22 Ноември - 21 Декември)

Потребни сте им на пријателите! Може да е вистинска криза или емоционална дупка, но вашето присуство и став се потребни. Тешко ќе допрете, но сепак мора да сторите се што можете!                                          

News image

Јарец (22 Декември - 19 Јануари)

Треба да лутате со мозокот денес, дури и да сте заклучени со децата дома или на бирото на работа. Може ќе ви помогне интернетот, само полетајте некаде побргу!                                              

News image

Водолија (20 Јануари - 18 Февруари)

Време е да продолжите понатаму! Без разлика дали закрепнувате од лош состанок или застрашувачка работа, треба да го оставите минатото зад себе и да се подготвите за нов предизвик.                                          

News image

Риби (19 Февруари - 20 Март)

Вашите соништа се внимателно компонирана драма од која можете да научите нешто, особено вечерва. Обрнете внимание на малите детали и видете што ќе излезе од нив.                                        

24-05-2012
Ѕирни ги новите креации на познатите модни дизајнери
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
prev
next
News image

Liam Hemsworth

News image

Keanu Reeves

News image

Brian Austin Green

News image

Olivier Martinez

News image

Paul Walker

News image

Chris Evans

News image

Zac Efron

News image

Antonio Banderas

News image

Ricky Martin

News image

Colin Egglesfield

News image

Jeffrey Dean Morgan

News image

Gerard Butler

Колку ви е важен стилот на облекување на вашето момче?