
Интегралните житарици претставуваат богат извор на природни шеќери и витамини.
Имате проблем со шеќерот, чувствувате намалена енергија или пак се соочувате со зголемена телесна тежина? Вакви и слични прашања, секојдневно стигнуваа на наша адреса...време е да ги прочитате одговорите од нутриционистот. Покрај стручниот совет, Виталиа се потруди да обезбеди сет производи наменски креирани за проблемот.
ГИ ИЗВЕСТУВАМЕ...
Славица Георгиевска и Маја Николовска сетовите, наменски креирани за нивниот проблем, може да ги подигнат на Адреса: Ул. Васил Ѓоргов 21/2/7, секој ден од 8 до 16 часот.
Кои производи на Виталиа го стимулираат имунолошкиот систем?
Славица Георгиевска
ОДГОВОР: Анемијата или слабокрвност е состојба кога вашата крв не содржи доволно црвени крвни зрнца (еритроцити); имате доволно еритроцити, но тие не ја вршат работата како што треба. За да го решите тој проблем правилно, треба да знаете кои производи содржат железо. Од палетата на Виталиа ви ги препорачуваме следниве производи:
Спирулина Натурал таблети - идеална комбинација на нутритивни состојки, витамини, минерали и антиоксиданси кои ќе ја подобрат виталноста и свежината на Вашето тело. Обилуваат со железо и витамин А кои директно влијаат на зајакнување на имунитетот. Содржи 10 пати повеќе железо од спанаќот.
Комбуха напиток и концентрат - познат по своите благотворни лековити својства кои ја враќаат силата на исцрпениот организам и му даваат енергија. Обилува со витамини од Б групата и витамин Ц, а содржи и разни видови на ензими. Ја помага регенерацијата на клетките, ја освежува кожата и ја обновува слузокожата. Редовната употреба на комбухата го подобрува природното чистење на организмот и го помага јакнењето на имунитетот.
Тахебо чај - освен што го зајакнува и балансира имунолошкиот систем, содржи и лесно ресорптивно железо, па исто така можете да го вклучите во производите кои помагаат кај анемијата.
Изгубен апетит?
Маја Николовска
ОДГОВОР: Од палетата на Виталиа Ви ги препорачуваме следниве производи:
Апидигест - меден сируп кој исклучително позитивно влијае врз органите за варење и при недостаток на апетит. Се подготвува од високо квалитетен мед и 6 лековити билки (кантарион, коприва, ајдучка трева, смил и пелин). Се препорачува за подобрување на апетитот и варењето на храната. Шесте лековити билки кои влегуваат во составот на препаратот се познати по своето дигестивно, стомачно, диуретично и антиинфламаторно дејство врз организмот на човекот. Се употребува 3-5 пати дневно по една супена лажица пред јадење, а за деца 3 кафени лажички.
Комбуха сируп - добиен со концентрација на високо квалитетниот пијалак со отстранување на вишокот вода. Концентратот во вид на сируп е 15 пати полековит од пијалакот бидејќи содржи 15 пати поголема концентрација на глукуронска киселина, млечна киселина и други полезни соединенија.
Активните супстанци на комбухата делуваат позитивно на целокупниот организам: извонреден регулатор на цревните активности, влијае врз регенерацијата на клетките, во прочистување на крвта и отстранување на токсичните наслаги. Нејзината тајна се крие во фактот што не делува само на еден орган, туку на подобрување на општата состојба на целиот организам.
Пивскиот квасец во прав - е најдобар природен извор на витамини од Б групата кои како такви најдобро се апсорбираат во организмот. Во себе крие богатство од корисни состојки и тоа протеини, аминокиселини, јаглеродни хидрати и минерали неопходни за правилен развој и регенерација на клетките. Тој е еден од најдобрите диететски суплементи кој ќе ви помогне во борбата против анемија и слаб имунитет.
Интегралните житарици ( овесни, ржени, пченични, јачменови) - претставуваат богат извор на природни шеќери и витамини, посебно од Б комплексот, витаминот Е како и растителни влакна кои ја подобруваат перисталтиката на цревата, го регулираат метаболизмот на масти и шеќери што се манифестира со пораст на холестеролот, триглицеридите и шеќерот во крвта. Снегулките од житарици можете да ги подготвите како еден многу лесен оброк кој ќе Ви даде свежина и сила. Можете да ги потопите со чај, сок или соино млеко.
ПРОДОЛЖУВА:
Утре повторно закачете се на NotForMen.mk... можеби токму вашиот проблем ќе биде објавен и ќе имате можност да го решите со палетата производи на Виталиа.
.gif)






















.gif)























