
Интегралните житарици претставуваат богат извор на природни шеќери и витамини.
Во соработка со Виталиа, ја продолжуваме мисијата од вчера...нутриционистот одговара на вашите прашања и ви помага да го решите проблемот со конкретни производи од палетата на Виталиа. Вие, можеби не освоивте награда, но тука се крие одговорот на вашиот проблем.
ГИ ИЗВЕСТУВАМЕ...
Татјана Димова и Катерина Ивановска сетовите, наменски креирани за нивниот проблем, може да ги подигнат на Адреса: Ул. Васил Ѓоргов 21/2/7, секој ден од 8 до 16 часот.
Бремена сум и немам енергија, што да пијам и консумирам за дополнителна енергија?
Пивскиот квасец во прав - е најдобар природен извор на витамини од Б групата, кои како такви најдобро се апсорбираат во организмот. Во себе крие богатство од корисни состојки и тоа протеини, аминокиселини, јаглеродни хидрати и минерали неопходни за правилен развој и регенерација на клетките. Тој е еден од најдобрите диететски суплементи кој ќе ви помогне во борбата против анемија и слаб имунитет.
Цветен прав - е природен еликсир со извонредна богата содржина на избалансирани хранливи материи, природна комбинација на витамини (А, Б, Ц, Е), минерали ( На, Ца, Мг, Фе) и протеини. Делува поволно во случај на замореност и го зајакнува организмот при ментален замор и исцрпеност.
Спирулина Натурал таблети - идеална комбинација на нутритивни состојки, витамини, минерали и антиоксиданси кои ќе ја подобрат виталноста и свежината на Вашето тело. Обилуваат со железо и витамин А кои директно влијаат на зајакнување на имунитетот. На бремените жени им се потребни лесно сварливи протеини и лесно ресорптивно железо од спирулината која не содржи заситени масти. Со само 6 таблети дневно ќе ги задоволите основните потреби на организмот.
Алое сокови - диетални, нискокалорични сокови подготвени од 50% органско Алое Вера и 50% овошен сок. Предноста на Алое соковите на Виталиа не е само во нивната зголемена нутритивна вредност. Тие имаат 30% помалку калории од обичните овошни сокови кои се нудат на пазарот. Уживајте во вкусот на јаболкото, брусницата, аронијата, портокалот и зелениот чај истовремено користејќи ги благодетите на Алое Верата.
Интегралните житарици (овесни, 'ржени, пченични, јачменови) - претставуваат богат изор на природни шеќери и витамини, посебно од Б комплексот, витаминот Е како и растителни влакна кои ја подобруваат перисталтиката на цревата, го регулираат пореметениот метаболизам на масти и шеќери што се манифестира со пораст на холестеролот, триглицеридите и шеќерот во крвта. Снегулките од житарици можете да ги подготвите како еден многу лесен оброк кој ќе Ви даде свежина и сила. Можете да ги потопите со чај, сок или соино млеко.
Имам проблем со намалена енергија, проблем со тежината, жолчката и желудникот. Се надевам на помош од вас.
Катерина Ивановска
ОДГОВОР: Од палетата на Виталиа Ви ги препорачуваме следниве производи:
Апидигест - меден сируп кој исклучително позитивно влијае врз органите за варење и при недостаток на апетит. Се подготвува од високо квалитетен мед и 6 лековити билки (кантарион, коприва, ајдучка трева, смил и пелин). Се препорачува за подобрување на апетитот и варењето на храната. Шесте лековити билки кои влегуваат во составот на препаратот се познати по своето дигестивно, стомачно, диуретично и антиинфламаторно дејство врз организмот на човекот. Се употребува 3-5 пати дневно по една супена лажица пред јадење, а за деца 3 кафени лажички.
Цветен прав - е природен еликсир со извонредна богата содржина на избалансирани хранливи материи, природна комбинација на витамини (А, Б, Ц, Е), минерали ( На, Ца, Мг, Фе) и протеини. Делува поволно во случај на замореност и го зајакнува организмот при ментален замор и исцрпеност.
Интегралните житарици (овесни, ржени, пченични, јачменови) - претставуваат богат изор на природни шеќери и витамин, посебно од Б комплексот, витаминот Е како и растителни влакна кои ја подобруваат перисталтиката на цревата, го регулираат пореметениот метаболизам на масти и шеќери што се манифестира со пораст на холестеролот, триглицеридите и шеќерот во крвта. Снегулките од житарици можете да ги подготвите како еден многу лесен оброк кој ќе Ви даде свежина и сила. Можете да ги потопите со чај, сок или соино млеко.
Таан - производ кој се добива од високо квалитетен сусам. Богат е со хранливи состојки: протеини, витамини А, Е, Б1, Б2, Б3 и минерали калциум, железо, фосфор, натриум и калиум. Делува на намалување на желудочната киселина. Помешан со мед во однос 1:1 се препорачува во случај на респираторни инфекции, нормализација на крвниот притисок и намалување на холестеролот.
.gif)






















.gif)























