
Калциумот во портокалот ги зајакнува забите и коските.
Портокалот изобилува со витамин Ц, калиум, тијамин, фосфор Г, липонска киселина (витамин Б9) и витамин Б6. Портокалот има многу позитивни страни. Тој е многу добро средство за мрсна кожа, ја освежува и чисти кожата. Богат е со бета каротин, моќен антиоксидант што се грижи за нашите ќелии.
Калциумот во портокалот ги зајакнува забите и коските. Служи и за одржување на нормален крвен притисок и подобрување на функцијата на мускулите. Една чаша цеден портокал дневно го спречува повторното појавување на каменот во бубрег.
Природниот овошен шеќер, фруктозата во портокалот го контролира покачувањето на крвниот шеќер после оброк. Цедениот портокал е хранлив и може да се пие во било кое време. Се препорачува да се пие една чаша цеден портокал дневно и во текот на зимата, кога најмногу имаме потреба од внесување на витамини во организмот. Витаминот Ц го спречува крвавењето, го забрзува зараснувањето на исекотините и ги зајакнува крвните садови и капилари помагајќи им да ги спречат срцевите удари.
ПРИДОБИВКИ ОД ЦЕДЕНИОТ ПОРТОКАЛ:
- Го подобрува имунолошкиот систем.
- Ги намалува нивото на холестерол и нивото на крвниот притисок.
- Преку големите количини на калиум, кои се наоѓаат во портокалот, се храни телото.
- Се намалува ризикот од срцеви заболувања.
- Ја подобрува циркулацијата.
- Помага при создавањето на нови ќелии.
- Спречува создавање на различни видови на рак (вклучувајќи ги ракот на дојка и на простатата).
.gif)






















.gif)























