
Салатата од туна е една од наједноставните, најбрзите и највкусните салати.
Доколку после напорниот ден на работа, готвењето не ви е на листата со желби, а здравиот оброк главен приоритет, направете ја следнава салата со која ќе ги примите сите потребни витамини, а ќе останете заситена и задоволна подолго време.
Салатата од туна е една од наједноставните, најбрзите и највкусните салати. Може да се послужи како оброк, но исто така и како закуска.
Што е потребно за овој рецепт:
2-3 домати
2 зелени пиперки
Една рака спирални тестенини или макарони
2-3 јајца
1 голема конзерва со туна
малку мајонез
сол
бибер
магдонос
лук (по избор)
Како да ја подготвите салатата?
Сварете ги јајцата и тестенините и потоа оставете ги да се оладат целосно. Потоа јајцата исечете ги на четвртини.
Исцедете го маслото од туната, а зеленчукот исечете го на поголеми парчиња.
Измешајте го мајонезот со туната, додајте сол и бибер по желба, ставете го ситно исечканиот магдонос и лукот (доколку се одлучите да ставите) и сето тоа помешајте го со тестенините.
Во направените тестенини додајте ги јајцата и зеленчукот.
Лукот одлично ќе се вклопи во салатата и ќе им даде посебен вкус на туната и јајцата.
Кој ви кажал дека готвењето е тешко? Само терба да имате желба да го направите лесно и креативно.
.gif)






















.gif)























