duskoДушекот и скарата – непријатели на здравјето!
Тежината на вашиот душек се удвојува на секои 10 години поради акумулацијата на честички.
golemi_farmerki Слабеење и одржување на линијата - совети за...
Диети има колку сакате. Проблемот е што сите различно советуваат.
pusi_cigaretkaПрестанете да пушите!
Кога е време навистина да се откажете од цигарите?
coca_cola-fak-Најинтересните факти за Кока-Kолата
Првично Кока Колата била наменета против утрински мамурлак.

4 вкусни салати


salatasomaslo

Внесете го здравото маслиново масло во вашата исхрана.

Во топлите денови исклучително ни годи свежа и вкусна салата. Одлично дополнение на секој оброк. Салатите се здрави, а и не одземаат време. Ние ви предлагаме да пробате да ги направите и да ни пишете која најмногу ви се допадна.

ЦЕЗАР САЛАТА

Состојки:

150 гр. домат

100 гр. краставица

1 главичка кромид

1 црвена пиперка

1 јајце

неколку потпечени лепчиња

неколку листови марула

неколку филувани зелени маслинки

маслиново масло

сол

прелив за салати

Начин на подготовка:

Марулата ја сечкаме на поголеми парчиња. Ги додаваме доматот, краставицата и пиперката. Кромидот и јајцето ги сечкаме на кругови и ги додаваме во салатата. Потоа ги додаваме и маслинките и потпечените лепчиња. Посолуваме, додаваме масло за јадење и прелив за салати. Се заедно измешуваме.

ПОСНА САЛАТА ОД БУКОВКИ

Состојки:

200 гр. буковки (печурки)

500 гр. ориз

50 гр. растителен кашкавал

100 гр. домати

50 гр. кечап

маслиново масло

црн пипер

сол

вегета

Начин на подготовка:

На претходно сварениот ориз му ги додаваме буковките (маринирани или печени и исечкани на ситни коцки), кашкавалот и ситно исечканите домати. Ги додаваме маслиновото масло и зачините и сето тоа заедно го измешуваме. Се сервира во чинија, одозгора попрсканa со кечап.

ПОСНА ЗЕЛЕНА САЛАТА СО ТУНА

Состојки:

150 гр. марула

185 гр. туна

100 гр. домати

100 гр. краставици

100 гр. млад кромид

1 лимон

маслиново масло

сол

Начин на подготовка:

Марулата, претходно убаво измиена, ја кинеме на парчиња. Краставицата и доматот ги сечеме на крупни парчиња. Ја додаваме туната од конзерва, ја зачинуваме салатата и внимателно мешаме. Салатата ја сервираме во чинија, и одозгора ја попрскуваме со сечкано младо кромитче и со исцеден лимон.

ПИЦА САЛАТА

Состојки:

1 тесто за пица

50 гр. пилешко месо

50 гр. маслинки

1 кромид

100 гр. крем сирење

100 гр. краставица

100 гр. домат

Начин на подготовка:

Готовото тесто за пица испечете го. Откако ќе се олади намачкајте го со крем сирење (подебел слој е поубаво) па наредете ја салатата, но без течностa која сте ја подготвиле од сечканите краставици, домати, кромид и маслинки. Нафрлете го испеченото месо.



 
Unique-avgust
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 7
  • 8
  • 9
  • 10
  • 11
prev
next
News image

Овен (21 Март - 19 Април)

Брзањето нема да ве одведе никаде денес, ако сте среќни! Ако не сте може да завршите многу поназад отколку вчера, а тоа не можете да си го доволите.

News image

Бик (20 Април - 20 Мај)

Вашиот живот цвета како рана пролет и ќе се пронајдете себе си разговарајќи со странец во некоја интересна насока. Проверете дали луѓето се подготвени да стојат до вас!

News image

Близнаци (21 Maj - 21 Јуни)

Имате навистина тешка листа со задачи која ви стои пред лице. Добрата вест е што ја имате потребната ментална енергија за го средите тоа. Пронајдете нов начин да ги следите работите.

News image

Рак (22 Јуни - 22 Јули)

Денес силно посветете се на малите детали. Нешто не е сосема во ред, но ако вистински обрнете внимание ќе сфатите што се случува.

News image

Лав (23 Јули - 22 Август)

Добро време е да се посветите на себе и да ја смирите социјалната енергија. Размислете одново за вашите планови и за минатото. Затворете ја вратата и најдете некое тивко место.

News image

Девица (23 Август - 22 Септември)

Денес ќе достигнете сериозно кул достигнување, можеби нема ни да сфатите дека целите натаму. Истапете и направете вистинска разлика во вашиот живот.

News image

Вага (23 Септември - 22 Октомври)

Ваш пријател се обидува да ве натера да ги гледате работите малку поинаку, a вашиот ум е доволно отворен да ја прифати неговата понуда. Тоа не значи дека треба целосно да се премислите!

News image

Скорпија (23 Октомври - 21 Ноември)

Обидете се поново да ја воспоставите изгубената врска, без разлика дали е професионална, пријателска или љубовна. Верувајте повторно ќе ви бидат потребни луѓето на кои некогаш целосно се потпиравте.

News image

Стрелец (22 Ноември - 21 Декември)

Побарајте било што денес, на крај ќе излезе по ваше. Некое време ќе мора да чекорите без тоа што го сакате, но на крајот ќе го извлечете максимумот од ситуацијата.

News image

Јарец (22 Декември - 19 Јануари)

Дистанцата не е пречка за вашиот комуникациски стил денес, можете практично да читате умови и покрај километрите раздалеченост. Истражете ги опциите и посегнете по оние кои треба да ви ја чујат пораката.

News image

Водолија (20 Јануари - 18 Февруари)

Не сте сосема сигурни што се случува со вашите луѓе, сите како да глумат и да ве лажат во очи. Добрата вест е што фазава нема да трае долго и работите ќе се вратат во нормала.

News image

Риби (19 Февруари - 20 Март)

Вашата најблиска врска ви го прави животот забавен денес и тоа значи дека дефинитивно сте на вистинското место да побарате услуги или помош. Време е за социјализирање!

10-02-2012
Ѕирни ги новите креации на познатите модни дизајнери
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
prev
next
News image

Paul Walker

News image

Chris Evans

News image

Zac Efron

News image

Antonio Banderas

News image

Ricky Martin

News image

Colin Egglesfield

News image

Jeffrey Dean Morgan

News image

Gerard Butler

News image

Seann William Scott

News image

Charlie Sheen

News image

Jason Priestley/Luke Perry

News image

Russell Crowe

Успеав да го добијам работното место со... (потсетување: анонимно!)