
Одбраната исхрана, тајмингот и сексуалната техника се најбитните фактори кои влијаат врз зачнувањето.
Сигурно не сте запознаени дека со храната можете многу да влијаете врз зачнувањето на бебе. Уште од најстарите времиња, идните мајки користеле храна што им помагала да ја забрзаат циркулацијата со која подоцна се подобруваат условите за зачнување.
Не пропуштајте го новиот број на Unique, кој преку Unique водичот ви нуди решение како да ги зголемите шансите за зачнување на бебе. Преку деталното објаснување на трите фактори од кои зависи бременоста, ќе ви помогнеме да создадете поволни услови за зачнување на бебе.
Одбраната исхрана, тајмингот и сексуалната техника се најбитните фактори кои влијаат врз зачнувањето. За подетални информации на овие фактори, побарајте го Unique, во најблиските трафики.
Во меѓувреме, ние ви го нудиме менито за зачнување.
ПОЈАДОК
Оброк 1: Овесни снегулки, 2 супени лажици пченични никулци, млеко, свежо овошје и цеден сок од портокал (богат со калциум и витамин Ц).
Оброк 2: Тост со путер од кикирики и џем. Овошен јогурт од јагоди. Цеден сок од портокал.
РУЧЕК
Оброк 1: 'Ржано печено лепче со сирење. Салата од спанаќ.
Оброк 2: Мисиркино месо (богато со цинк) гарнирано со свеж зеленчук и солени палачинки. Свежо овошје и млеко со ниска масленост.
ВЕЧЕРА
Оброк 1: Мисиркино месо во комбинација со остриги. Варена пченка и грашок. Чај од тревки.
Оброк 2: Чорба од леќа (леќата содржи висок процент на цинк) со салата од домати и пченкарен леб. Авокадо и јогурт.
Оброк 3: Говедско месо со сос од домати и лук. Зелена салата со семки од тиква.
УЖИНКА
Оброк 1: Пушени остриги во комбинација со житни крекери.
Оброк 2: Овошна салата на база на боровинки и портокали.
Оброк 3: Микс од бадеми, лешници, индиски ореви... една рака на ден.
За секој оброк се бира по една опција од понудениве. Време е да започнете со правилната исхрана за подобрување на условите за зачнување на бебе.






































