
Школките, сончогледот и сардината се извор на масна киселина која го регулира протокот на хранливи материи и го одржува младешкиот изглед.
Покрај препаратите кои ги користите за да го подобрите надворешниот изглед, постојат и одредени хранливи продукти кои помагаат за подобрување на изгледот, а воедно и на здравјето. Кои се тие хранливи продукти?
РУЗМАРИН
Причина за појава на подочници се зголемената количина на сол и алкохол во организмот. За да го намалите количеството на сол, јадењата посолувајте ги со намирници како рузмарин, мајчина душица, магдонос, лук...
ЦЕЛЕР И МОРКОВ
Содржат целулоза која помага за отстранување на нечистотијата од забите.
КОЛАГЕН
Природен протеин кој на мускулите и кожата им дава облик и еластичност. За жал, се помалку се произведува колагенот, но може да го внесувате преку јадењето на темни овошја.
ЦИРТОН, ВИШНИ И БОРОВНИЦА
Полни се со антиоксиданси кои го намалуваат стареењето, болестите, настинките и ве прават помлада и поздрава.
ШКОЛКИ, СОНЧОГЛЕД И САРДИНА
Извор на масна киселина која го регулира протокот на хранливи материи и го одржува младешкиот изглед.
ЈАБОЛКО, КРАСТАВИЦА ИЛИ МОРКОВ
Доколку сте пиеле кафе, изедете една од овие намирници и ќе ги отстраните дамките од кафето на вашите заби.
БРОКУЛИ И СПАНАЌ
Го чистат црниот дроб од токсини, тешки метали и масти. Телото подобро ќе функционира, а видот и кожата ќе оздрават.
МЕСО И СИРЕЊЕ
Белковините во пилешкото месо, кашкавалот без масти и кравјото сирење помагаат при обновување на косата и подобар изглед на кожата.
СОЈА И ЛЕЌА
Доколку ви е доста од оброци со месо, пробајте да јадете соја и леќа. Изобилуваат со многу повеќе протеини.
БАДЕМОВО МЛЕКО
Бадемовото млеко изобилува со големи количини на магнезиум, калиум, бакар, селен, манган, калциум, витамин Е, омега 3 и омега 6 кои ќе ви го подобрат имунолошкиот систем.
Покрај тоа што овие наммирници ќе ве одржат здрави и витални, истите ќе ви го продолжат животот.






































