
Точно е дека чоколадата содржи многу шеќер и калории, но факт е дека подебелите луѓе не се склони на јадење чоколадо.
Чоколадата не само што има преубав вкус, таа има и позитивни влијанија на умот, телото... Редно време е се прекршат табуата и да се ужива во чоколадата затоа што е навистина добра намирница.
Има малку калории
Не се лажете дека темната чоколада има помалку калории. Млечната, како и темната чоколада имаат ист број на калории. Единствена разлика е тоа што млечната чоколада има повеќе шеќер и калциум.
Лесно се вари
Секако дека лесно се вари, но внимавајте да не претерате со консумирањето. Така може да го уништите варењето.
Не предизвикува мигрена
Да, чоколадото содржи некои состојки кои можат да предизвикаат мигрена, но тука станува збор за многу мали количини. Така што можете слободно да јадете чоколадо. Многу се мали шансите од него да добиете мигрена.
Дебелее
Нема да ве лажеме. Точно е дека чоколадата содржи многу шеќер и калории, но факт е дека подебелите луѓе не се склони на јадење чоколадо. Голем дел од нив дури не ни јадат чоколада. Затоа умерено јадете чоколадо и уживајте во неа.
Добро е за телото
Го зголемува нивото на добриот холестерол. Чоколадата е добра превентива за кардиоваскуларните болести.
Добро е за умот
Има позитивно влијание на доброто расположение и ве чува од стрес.






































