
Цвеклото е здраво и се користи за регулирање на нискиот крвен притисок, за разработување на желудникот и цревата ...
Анемијата, односно недостатокот на железо во крвта е чест проблем кај луѓето. Цвеклото е богато со железо и може да ја промени таа состојба, а доколку не ви се допаѓа да го јадете само така, можете слободно да направите црвена супа.
Цвеклото е здраво и се користи за регулирање на нискиот крвен притисок, за разработување на желудникот и цревата, за намалување на ризикот од рак, за забавување на процесот на стареење, за поттикнување на работата на метаболизмот и црниот дроб...
Затоа, за да немате слични проблеми, ние ви нудиме лесен рецепт за брза црвена супа.
За 2-3 лица:
- 500 ml месо или зеленчук
- 100 - 150 g печено или варено цвекло (подобро е да биде печено)
-100 g карфиол
- 1 мал компир исечен на коцки
- лаворов лост
- 120 ml павлака за готвење
- Сол и бибер
- магдонос
На основата (месото или зеленчукот), додадете карфиол, компир и лаворов лист и оставете ги во тенџерето се додека не омекнат. При крај на готвењето додадете го цвеклото, а лаворовиот лист отстранете го. Со миксер направете пире од досегашната смеса и додадете ја павлаката. Не го враќајте јадењето на шпоретот затоа што не смее повеќе да врие. Додадете на таа смеса сол, бибер и магдонос по желба и имате готова супа.
Уживајте!
.gif)






















.gif)























