
Доколку јадете хамбургер и помфрит, како десерт одберете цреши или киви кои во телото ќе ослободат антиоксиданси и ќе го заштитат организмот.
Од време на време, сакаме да се почестиме со некоја пица или можеби хамбургер, иако знаеме дека нема добро да влијаат на нашите килограми. За да не се лишите од ваквите уживања, научете со кои додатоци, можете лошата исхрана да ја претворите во прекрасно уживање без да мислите што му правите на вашето тело.
Оброк со многу калории и грозје
Ако на некоја прослава сте уживале во оброк со многу калории, веднаш треба да посегнете по грозјето кое изобилува со антиоксиданси.
Солен оброк и чоколадо
Можеби би звучи чудно оваа комбинација, но неколку коцки чоколадо по солениот оброк, за брзо време ќе го врати притисокот.
Пица и свеж рузмарин
На пицата ретко кој може да одолее. Но, поради високите температури може да дојде до создавање на штетни состојки кои го зголемуваат ризикот за срцеви заболувања.
Спас за тоа е свежиот рузмарин. Нанесете го на пицата и тој ќе го намали дејството на штетните состојки за 60%.
Хамбургер, помфрит и цреши
Брзата храна може да направи хаос во организмот. Доколку јадете хамбургер и помфрит, како десерт одберете цреши или киви кои во телото ќе ослободат антиоксиданси и ќе го заштитат организмот.
Црвено месо и црвено вино
Чашата црвено вино со парче црвено месо ја намалува апсорпцијата на токсините од месото, кои го зголемуваат ризикот за срцеви заболувања.
Но, внимавајте! Една до две чаши вино се доволни.
Хот дог и кисела зелка
Ќе си речете „Леле, изедов хот дог со сенф, мајонез и што се уште не." За да ги намалите штетните дејства на конзервансите, кои го зголемуваат ризикот за срцеви заболувања, на овој оброк додадете и кисела зелка.
Таа е полна со витамин Ц, калиум, магнезиум, железо и бакар. Со неа ги надополнувате изгубените витамини.
.gif)






















.gif)























