
Воопшто не е важно во кој дел од денот ќе одлучите да го внесете вашиот оброк.
Сигурно си велите „Леле, навечер ако јадам ќе се здебелам. Мора да почнам да избегнувам јадење навечер." или пак „Сестра ми не смее да ја голтне гумата за џвакање зошто гумата тешко се вари."
Но, кои тврдења за храната се едноставно митови до кои ние слепо се придружуваме?
Дебелина
Знаеме дека ве учеле да не јадете навечер затоа што можете да ги зголемите килограмите. Но, тоа не е точно. Воопшто не е важно во кој дел од денот ќе одлучите да го внесете вашиот оброк. Ако јадете три пати на ден, речиси и не е можно да се прејадете. Внесувајте помалку калории, отколку што вашето тело може да согори.
Хиперактивност
Постојат многу истражувања направени низ светов конкретно за нивото на шеќер кај децата и начин на кои се однесуваат тие по нивното примање.
Сите мислиме дека шеќерот ги прави децата хиперактивни. Но, во ниедно истражување нема информации дека децата што внесуваат повеќе шеќер се однесуваат поинаку од децата што не внесуваат шеќер. Спротивно на ова, шеќерот предизвикува кариес и влијае на зголемувањето на телесната тежина.
Гума за џвакање
Сигурно како мали ви кажувале да не ја голтате гумата за џвакање затоа што нема да се вари и дека засекогаш ќе ви остане во желудникот. Точно е дека гумата тешко се вари, но нашето тело има начин како да се ослободи од неа и ваквите материи.
Шлајм
Многу истражувања, направени во текот на последнава декада, објаснуваат дека пиењето млеко го зголемува количеството на плунка, но истото го прави и водата.
Веднаш ќе помислите дека штом млекото го зголемува количеството на плунка, тогаш го зголемува и шлајмот. Но, тоа е само мит во кој слепо веруваме без разлика на научните докази.
.gif)






















.gif)























