
Колку подолго ги џвакате јаболката, овошниот сок полека навлегува во организмот и стабилно го одржува нивото на шеќер и инсулин.
Покрај тоа што јаболката се едно од највкусните овошја, тие се голем извор на витамини и минерали кои му се потребни на нашиот организам. Ја подобруваат интелигенцијата, ја намалуваат тежината и холестеролот, и секако имаат уште многу корисни влијанија.
За што се одлични јаболката?
Дишни патишта
Честото консумирање на јаболка ја подобрува работата на дишните патишта, ги спречуваат болестите , астма, тумор, како и сите останати болести на дишните патишта.
Рак
Оние личности кои дневно јадат барем по една јаболка за дури 42% ги намалуват шансите за појава на рак. Некои истражувања откриваат дека некои состојки во јаболката го спречуваат туморот.
Холестерол
Состојките кои се наоѓаат во јаболката делуваат на намалување на нивото на холестерол и го спречуваат неговото собирање во крвните клетки.
Ситост
Колку подолго ги џвакате јаболката, овошниот сок полека навлегува во организмот и стабилно го одржува нивото на шеќер и инсулин. Јаболката дава чувство на ситост поради постепеното внесување на шеќер.
За разлика од јаболката, слатките влијаат на ненадејниот раст на шеќерот во крвта и на привременото чувство на ситост. Тоа за брзо време ќе се изгуби, гладот за брзо време ќе се врати, а калориите ќе останат.
Ум
Одредени состојки кои се наоѓаат во јаболката делуваат врз нашата концентрација со што подобро можеме да учиме а ние стануваме по паметни.
.gif)






















.gif)























