
За сите професионални спортисти, најдобри се спортските пијалаци кои покрај вода и натриум, содржат и големи количини шеќер.
Сигурно не сте знаеле дека доколку со секој оброк се консумира готварска сол, го зголемувате ризикот за зголемување на крвниот притисок и исто така појава на кардиоваскуларни болести како и заболувања на бубрезите.
Затоа, многу е важно да се намали внесувањето на сол. Но, како да се стори тоа?
- оддалечете го соларникот од масата
- избегнувајте купување и користење на преработена храна и готови производи каде има премногу сол
- користете помалку сувомеснати производи
- експериментирајте со зачините при готвењето. Наместо сол, слободно може да користите бибер, рен, лут пипер, магдонос, кромид, лук, оцет, лимонов сок, нане, црвен пипер...
- каде и да одите, хранете се со домашна храна и во исхраната внесете овошје, зеленчук и јогурт
- наместо солени грицки, одберете печени без сол како на пример бадеми, лешници, ореви, кикирики, семки, пуканки, свежо овошје...
- наместо конзервиран зеленчук како што е киселата зелка, туршијата, киселите краставички... користете свеж или пак замрзнат зеленчук
- наместо солен леб, користете замена за леб: компир, ориз, житни или варени снегулки, качамак, несолени пецива...
Исклучок:
Постојат одредени случаи кога самиот организам ќе бара внесување на натриум.
Тоа се случува најчесто кај сите интензивно физичко активни личности. Особено за топлите денови, при обилно потење, може да се случи да дојде до драстично намалување на количината на натриум во организмот.
Во овие случаи, се препорачува значително зголемување на внесувањето на течности, како и на натриум.
За сите професионални спортисти, најдобри се спортските пијалаци кои покрај вода и натриум, содржат и големи количини шеќер.
.gif)






















.gif)























