
Може да се најде во интегралните житни зрна, месото, пченичните `ркулци, овошјето, зеленчукот, спанаќот, интегралниот ориз, доматите, сончогледовото семе, печурките, зелената салата, грашокот...
Витаминот Б1 е витамин кој може да се раствори во вода. Тој игра важна улога во одржувањето на здравјето на нервниот и кардиоваскуларниот систем и е неопходен за одржување на мускулниот тонус, здравјето на очите, косата, кожата и секако црниот дроб.
Често се нарекува и анти стрес витамин затоа што му помага на човекот да се ослободи за брзо време од стресот. Потребно е секојдневно да се внесува во организмот затоа што не се складира во телото.
Може да се најде во интегралните житни зрна, месото, пченичните 'ркулци, овошјето, зеленчукот, спанаќот, интегралниот ориз, доматите, сончогледовото семе, печурките, зелената салата, грашокот...
Овој витамин е неопходен за:
Правилниот развој на обвивките на нервите и го спречува нивното оштетување и секако изумирање.
Одржување на здравјето на нервниот систем и го намалува ризикот за појава на депресија.
Спречување на појава на катаракта.
Намалување на ефектите од стареењето.
Подобрување на секрецијата на желудочната киселина и правилната дигестија на сите внесени хранливи состојки.
Спречување и забавување на процесот на Алцхајмеровата болест.
Подобрување на концентрацијата и помнењето (ја подобрува способноста за учење) и е неопходен за одржување на менталното здравје.
Создавање на црвените крвни клетки.
Подобрување на апетитот.
Недостатокот на витаминот Б1 предизвикува иритација, недостаток на сон и апетит, ослабена меморија, лошо варење на храната... Доколку не се третираат симптомите може да се појават абнормалности во нервниот систем и работата на срцето.
.gif)






















.gif)























