
Зголемете го внесувањето на флуор во организмот преку минералните води кои изобилуваат со него.
Секоја идна мајка за време на бременоста треба на своето бебе да му ги обезбеди сите хранливи материи кои му се потребни за правилен развој. Храната треба да биде распределена во неколку оброци во текот на денот.
Но, што треба да направите за да ги внесувате потребните хранливи материи?
Вода
Пијте доволно вода за да ја спречите дехидратацијата. Покрај тоа, водата ја подобрува работата на цревата и го намалува ризикот од уринарните инфекции.
Алкохол
Избегнувајте да внесувате алкохол бидејќи е опасен за бебето. Од време на време може да се напиете по половина чаша црвено вино, но само доколку е заедно со оброк.
Лекови
Лекови или пак додатоци во исхраната треба да консумирате само доколку претходно сте се консултирале со вашиот лекар.
Флуор
Зголемете го внесувањето на флуор во организмот преку минералните води кои изобилуваат со него.
Железо
Внесувате доволно железо во исхраната за да спречите појава на анемија, умор и различни инфекции. Најдобар извор на железо се месото, зеленчукот, овошјето и јајцата.
Белковини
Внесувајте доволно белковини од животинско и растително потекло. Најмногу ќе ги најдете во рибата, јајцата, месото, интегралните жита, млечните производи, соја...
Калциум
Калциумот е потребен за правилно формирање на коските на плодот па затоа јогуртот е одличен избор за внесување на калциум.
.gif)






















.gif)























