
Доколку не можете да се одлучите за некое кафе, земете си макијато затоа што млекото го намалува горчливиот вкус.
Секој ден одите со пријателките на кафе пауза, но постојано се двоумите за тоа какво кафе да си нарачате? Знаете ли воопшто каква функција имаат кафињата?
Еспресо
Ова кафе се состои од чисто кафе и се препорачува за моментална енергија. Максималната дневна доза треба да ви биде 5 шолји, ништо повеќе.
Совет
Доколку сакате убаво да го почувствувате вкусот, испијте го кафето во рок од 10 секунди по сервирањето.
Капучино
Капучиното се препорачува за утринско будење, а максималната дневна доза треба да ви биде 5 шолји, ништо повеќе.
Совет
За да уживате во вкусот на ова кафе, внимавајте да не претерате со млекото.
Кафе лате
Кате лате е всушност големо капучино кое се препорачува за намалување на нападите на глад. Максималната дневна доза треба да ви биде 5 шолји, ништо повеќе.
Совет
Започнете да го пиете кафето со млеко без маснотии.
Макијато
Макијатото е кафе направено од еспресо и пена од млеко. Се препорачува за активирање на мозокот. Максималната дневна доза треба да ви биде 5 шолји, ништо повеќе.
Совет
Доколку не можете да се одлучите за некое кафе, земете си макијато затоа што млекото го намалува горчливиот вкус.
Мока
Моката е всушност топло чоколадо помешано со еспресо. Ова кафе се препорачува за обновување на енергијата по физичка активност. Максималната дневна доза треба да ви биде 4 шолји, ништо повеќе.
Совет
Не претерувајте со шлагот.
.gif)






















.gif)























