
Цвеклото, морковот и целерот помагаат за отстранување на дамките од забите и за враќање на нивниот сјај.
Во денешно време постојат козметички препарати речиси за се. Некои од нив навистина може да направи чуда за вас, а други пак да не промени ништо.
Доколку ги прашате старите, тие ќе ви речат дека убавината доаѓа од внатре. Затоа, какви сте и како се чувствувате од внатре, ќе биде совршена слика која ќе се гледа однадвор.
Поради тоа, постојат намирници кои помагаат да го подобрите внатрешниот, а со тоа и надворешниот изглед.
За кои намирници станува збор?
Морски плодови
Школките и сардините се извор на масна киселина кои го регулираат протокот на крвта. Покрај тоа го одржуваат младешкиот изглед.
Овошје
Колагенот и дава еластичност на кожата, па поради тоа се препорачува да се консумираат темните овошја.
Портокалот, боровинките и вишните го намалуваат стареењето и ги спречуваат црвенилата и воспаленијата.
Зеленчук
Броколите и спанаќот го прочистуваат црниот дроб од токсините и штетните материи.
Цвеклото, морковот и целерот помагаат за отстранување на дамките од забите и за враќање на нивниот сјај.
Витамините се важни за враќањето на свежиот изглед на кожата па затоа консумирајте што повеќе овошје и зеленчук како диња, сливи, марула, броколи, морков...
Доколку сакате извесен период да направите одмор од месните производи, во организмот може да внесувате протеини преку сојата и леќата.
Зачин
Рузмаринот одлично делува против подочниците. Причина за нивната појава може да биде алкохолот како и солта, па затоа, храната не ја зачинувајте со сол,, туку со други зачини како рузмарин, лук, темјан...
.gif)






















.gif)























