
И ненадејното откажување од нездравите оброци е стресно за организмот.
Повторно после целовечерната забава во пет часот наутро јадевте хамбургер, ветувајќи си дека е последен пат? Гледавте филм со пријателките со сад полн грицки, а пак тие во никој случај не идат без добар газиран пијалак? Иако очајно сакате да се оттргнете од старите нездрави навики за консумирање брза храна никако да го дочекате баш тој „понеделник" за започнување на мисијата.
Правило бр.1- Менувајте само по една навика
-Чекор по чекор
Не кажувајте НЕ на сѐ што сметате дека е нездраво, наеднаш. Чекор по чекор, бавно, но барем сигурно ќе ја постигнете целта. Ако напати се случи да го прекршите кодексот на однесување кој си го зададовте, не казнувајте се, но и не дозволувајте тоа да ви прејде во навика.
-Изберете еден продукт
Концентрирајте се на одреден продукт од кој ќе се откажете. Без разлика дали ќе започнете од газираните пијалаци, грицките или брзата храна. Ненадејниот прекин на внесување на сите овие продукти, иако нездрави, сепак би бил стрес за вашиот организам. Оваа недела откажете се од газираните пијалаци, следниот месец од кафето итн. Постепено ќе научите да применувате нов начин на исхрана и да водите поздрав живот.
-Расчистете си во главата
Најважно од сѐ е вистински да сакате да ја постигнете својата цел и да бидете искрени спрема самите себе. Да не се претворите во морето девојки кои држат диета или се хранат здраво пред очите на јавноста, а зад затворените врати во својот дом уживаат во благодетите на сѐ она од што се одрекле.
Правило бр.2- После секоја промена оставете барем две недели да се адаптирате
Оставете време и простор вашиот ум и тело да се навикнат на промената. Навиката која сте ја практикувале со години не може да се искорени преку ноќ. Кога одите во ресторан прашајте дали имаат диетално мени, порачајте си салата, напијте се чаша добро вино и не размислувајте што јадат гостите на соседната маса.
.gif)






















.gif)























