
И покрај киселоста, лимонот во комбинација со млака вода е многу ефективен во ублажување на бројните дигестивни проблеми.
Остар вкус на свежина кој сигурно и вие го применувате, особено во деновите на грип и настинка. Лимонот е овошје, но и лек применуван уште од времето на старите Римјани за различни видови на труења. Потврда за тоа се и во последните истражувања на Институтот за фармација и биохемија во Буенос Аирес, Аргентина Барајќи природно средство за дезинфекција на водата за пиење заразена со бактерии на колера, тие откриле дека лимоновиот сок е идеално средство за тоа. Имено, бактериите од колера во водата изумреле кога во неа додале само 2 отсто свеж лимонов сок.
Исецкан на резанки попрскан со шеќер или пак во локалната слаткарница на лимонада сигурно е дел од вашето мени на исхрана. Но доколку можете да го применувате без да го комбинирате со шеќер тогаш неговите полезни дејства многу повеќе ќе дојдат до израз. Наутро чаша свежо исцеден лимон е чаша здравје! Во 100 грама лимон има 32 калории, 50 мг витамин Ц, 40мг калциум, 22мг фосфор, а во помали количини ги содржи и витамините тиамин и рибофлавин.
Полезно дејство
Хранливите состојки, кои се содржат во лимонот, ја поттикнуваат размената на протеини и на тој начин придонесуваат кон намалување на телесната тежина. Затоа тој е дел од многу диети како на пример од детокс-диетата на Стенли Бароуз која е позната и под името „Master Cleanser" или диета со лимонада. Лимонот исто така е многу делотворен и во борбата со целулитот.
И покрај киселоста, лимонот во комбинација со млака вода е многу ефективен во ублажување на бројните дигестивни проблеми, како гадење, зголемено лачење на желудочна киселина, констипација и инфекција со црвени паразити. Исто така се смета дека лимонот помага и при олеснување на икањето.
Сокот од лимон, растворен во чаша вода, кога се консумира редовно наутро дејствува како тоник за црниот дроб. Стимулира лачење на состојки кои го олеснуваат варењето на храната.
Лимонот помага и при симптоми на астма, крајници и болно грло.
Тој дејствува и како диуретик, одличен е за луѓето кои страдаат од инфекции на уринарниот тракт. Помага и при проблеми во зголемени концентрации на уреа како последица од реума и артритис, затоа што го олеснува исфрлањето на токсините и патолошките бактерии преку урината.
Лимонот помага и во затворањето на проширените пори на лицето. Со тоа се спречува полнењето на порите со нечистотија и создавањето на акни и митесери. Сокот од лимон е одличен тоник, но овој пилинг не треба да се користи многу често или пак да се држи на лицето повеќе од 5 минути бидејќи може да се јави чувство на затегнатост и непријатност на лицето.
Бидете убави, свежи и здрави!
.gif)






















.gif)























