
Таа содржи витамини А, Ц, Е, Б5, калиум, фолна киселина и железо.
Донесена од Персија, одгледувана години наназад на валандовските и гевгелиските полиња калинката пленува со својата црвена боја, сочност и убав вкус, кој зависно од видот може да биде благ или кисел. Многумина верувале дека Венус, богот на љубовта, токму ова овошје го подарувал на своите љубени. Содржи околу 72 калории на 100 грама. Зрната можат да послужат како состојка, но и декорација на овошните салати, кремасти колачи и сладоледи. Ако се уште го немате вкусено ова овошје тогаш Октомври 2011-та, месецот за зреење на калинката, е вистинското време за тоа.
Занимливости:
Сирупот се додава на алкохолните пијалаци и коктели поради неговата силна боја и комерцијално го нарекуваат гренадин.
Во Индија и Пакистан зрната најчесто се додаток на јадењата од месо.
Позната е под името кинеско јаболко.
Дрвото на кое растат калинките живее повеќе години. Покрај тоа што е корисно, дрвото на калинката е декоративно и ја разубавува градината.
Кога јадете калинка, неможете да ја избегнете да голтнете семка, а тие се штетни за оние кои имаат чувствителен желудник, бидејќи можат да ја изиритираат служокожата на цревото и да предизвикаат дијареа.
Едно ново истражување ги потврди претходните студии и покажа дека мажите кои сакаат да ги задоволат во кревет своите партнерки треба да пијат џус од калинка секојдневно. Џусот е богат со антиоксиданси кои го подобруваат дотокот на крв во гениталиите. Дури 47 проценти од мажите кои имале сексуални проблеми и редовно пиеле сок од калинка изјавиле дека им се подобрила ерекцијата
Полезно дејство:
Водестите семки на калинката изобилуваат со сок многу полезен за крвта. Само една чаша од него штити од кардиоваскуларни болести. Таа содржи витамини А, Ц, Е, Б5, калиум, фолна киселина и железо.
Калинката го продолжува животниот век и ги намалува симптомите на менопауза и постменопауза.
Според едно неодамнешно истражување калинката содржи елагична киселина која е силен антиоксиданс и може да го спречи создавањето на естрогенот без кој клетките на ракот на дојката не можат да растат. Калинката исто така делува и против ракот на простатата и ракот на кожата.
Кората од плодот најчесто се употребува за чај против дијареја и цревни паразити.
Ги намалува маснотиите во крвта. Истражувањата покажаа дека сокот од калинка ја намалува оксидацијата на холестеролот.
Плодот е богат со витамин Ц против вирусните инфекции, витамин Б5(пантотенска киселина), калиум, полифеноли.
Според едно истражување бубрежните заболени кои се на дијализа, а трипати неделно пијат по пола чаша сок од калинка се изложени на помал ризик од инфекции кои се меѓу главните причини за смртност кај ваквите пациенти.
.gif)






















.gif)























