
Директната и искрена комуникација со своите постојни и потенцијални купувачи преку социјалните мрежи е придобивка за двете страни.
Непосредната комуникација со клиентите и добиените повратни информации се благодет за една од првите компании која ги препозна предностите на модерната технологија, Битолска Млекара. Кампањите на двете Facebook фан страни Bimilk и Bifruit и твитер профилот наречен Битолско Чупе се првиот чекор на нивното директно дружење со фановите и следбениците.
Магнетизмот на одличните дизајни, интересните пораки и добро организираните конкурси и наградни игри не помина незабележано и постанаа дел од секојдневието на многу пријатели на брендовите Бимилк и Бифрут.
Апликациите како што беа Бифрут Колектор и Бимилк Мустаќи овозможуваа колективна забава на фановите кои секојдневно ги канеа своите пријатели да им испратат виртуелно сокче или да гласаат за нивната фотографија.
Новиот пробиотски пијалок Viva Imunoformula имаше својата кампања на Facebook, а исто така беа поделени и голем број сокови со новите два вкуса на Бифрут на најкреативните фанови кои ќе погодеа барем еден од новите вкусови.
Со најновата акција Бимилк ја комбинира промоцијата во маркетите со промоција на социјалните медиуми - Па секој што преку facebook апликацијата ќе испрати фотографија од промоцијата на 50% гратис јогурт, по е-пошта ќе добие ваучер со кој ќе може да подигне интересен подарок.
Facebook и Twitter се вистинскиот начин Битолска млекара да стигне до вас, па затоа тие прават се што е во нивна моќ да ве информираат за своите призводи и да го откријат вашето мислење за истите.
Токму вие, и вашите барања, сте главниот виновник за лансирањето на нивните нови производи. Исто така и потенцијалните недостатоци на амбалажата на производите кои беа посочувани од фановите, беа причина за надградба на технолошкиот процес на производство.
Директната и искрена комуникација со своите постојни и потенцијални купувачи преку социјалните мрежи е придобивка за двете страни.
Па така денеска Bifruit има над 50.000 фанови, а Bimilk над 21.000 фанови, што ја прави Битолска Млекара лидер во социјалните медиуми помеѓу компаниите од прехранбениот сектор.
.gif)






















.gif)























