
Постојат рани, средни и доцни врсти, па така морковот е достапен во текот на целата година.
Ниската цена и пријатниот вкус го прават дел од речиси секоја трпеза, без разлика дали свеж или употребен во некое јадење. Морковите имаат многу сладок вкус и се мешаат одлично со останатите овошни сокови, особено со сок од јаболко.
Состав
Содржи огромно количество витамин А (кој не случајно се нарекува „каротин“). Сокот од моркови има многу висока содржина на Бета-каротин. Бета-каротин е провитамин А, што во човечкото тело се преобразува во витамин А.
Шеќери, минерални соли (калиум, фосфор, калциум,магнезиум...)
Аспарагин и дауцин (со диуретички својства)
Полезно дејство
Овој богат букет на здрави состојки ги даваат лековитите својства на морковот.
Делува во борбата против анемијата, омалаксаноста, проблемите со растот итн.
Претставува пријател на кожата, ја чува свежа и помага за побрзо зараснување на раните.
Го снабдува телото со минерали кои го јакнат природниот одбранбен имун систем.
Тој е регулатор на работата на цревата (и токму затоа благо се препорачува на мајките кои дојат).
Морковот е многу здрав за очите, помага при проблеми со рожниците им слично.
Се бори против знаците на стареењето како што се брчките, или оние внатрешните, како артериосклероза.
Начин на консумирање
Идеален начин на уживање е сокот од морков кој може да се меша со млеко, за да се зајакнат неговите прочистувачки способности. Морковите сварени со малку вода, зачини, маслиново масло и ароматични треви може да бидат додаток со различни чорби.
Рецепт за каша против дијареа кај децата:
Дијареата кај новороденчињата и малите деца се јавува многу често, и е загрижувачки за секој родител. За да не се користат веднаш лекарства докторот Жан Валне ја препорачува кашата од моркови како одличен лек:
Исецкајте 500 грама моркови, пред тоа убаво измиени.
Сварете ги добро во лонец со литар вода.
Изгмечете ги морковите, додадете и на вашата каша вода додека не достигне 1 литар и на сето тоа ставете пола лажичка морска сол.
Смесата чувајте ја на ладно место. Детето може да ја консумира со лажица или со шишенце во текот на 24 часа, 2 или 3 дена.
Алтернатива за доенчињата е сокот од свеж морков, на кој мора да му се додаде вода во размер кој обично се користи за припрема на млекото во прав.
.gif)






















.gif)























