
Можете да го консумирате наместо појадок, парче интегрален леб и грозје сочинуваат комплетен оброк.
Драгоцениот дар од римската цивилизација вистински процвета при крајот на средниот век благодарение на монашките редови кои го користеле виното при изведувањето на литургијата. По откривањето на Америка, Европа се збогати за голем број диви винови лози кои дадоа широк спектар и разноликост на видовите грозје.
Белото грозје има многу слична енергетска вредност со црното, нешто помалку содржи калиум и калциум, но сиромашно е со феноли во споредба со црното грозје. Лушпата на црното грозје изобилува со феноли, кои го дават вкусот и бојата на црното грозје, а нам ни даваат здравје.
Состав
Грозјето содржи 20- 25% шеќери (фруктоза, сахароза, левулоза..) и е извор на енергија.
Малку протеини
Полесни органски киселини
Каротин
Витамини А, Б1, Б2, Ц...
Антицијаноксиди, минерални соли и многу други полезни состојки.
Грозјето содржи многу калории, во 1 кг грозје има 900 калории. Најверојатно не сте знаеле, но составот на грозјето во поглед на основните хранливи состојки е многу сличен на мајчиното млеко.
Полезно дејство
Со оглед на составот, сокот од грозје претставува полезна „биолошка“ вода и може да се користи за дохранување на бебињата. Го надополнува недостатокот на масти кои директно влегуваат во крвта. Токму поради ова треба да го консумираат старите луѓе, трудниците, спортистите. Овој совет го дале уште многу одамна лекарите од античката доба како Плиние Стари, Целзиус и Гален.
Грозјето е детоксикант, прочистувач, диуретик, благ лаксатив и стимулатор.
Делува против хемороиди, артритис и камен во бубрезите или јетрата.
Консумирање
Можете да го консумирате наместо појадок, парче интегрален леб и грозје сочинуваат комплетен оброк. Интересно е што има експерименти каде луѓето преживувале и по неколку дена консумирајќи само грозје по 2, 3 килограми дневно( или 700 до 1400 грами сок) поради големиот број калории.
Оброк од само грозје 2 дена на 10 дена се препорачува за оние кои сакаат да го симнат вишокот на килограми. Оние луѓе кои имаат проблем со дебелото црево треба да внимаваат на семките и лушпата, да ги плукаат, или подобро да консумираат сок.
Сувото грозје е извор на енергија и со чајот од јаболка е одлично средство за искашлување. Покрај спротивното мислење, докажано е дека сувото грозје го спречува растот на бактериите одговорни за настанувањето на кариесот и болестите на непцата, пред се затоа што обилува со фруктоза и гликоза, а не со сахароза, која е главен виновник за заболувањата на усната шуплинa..gif)






















.gif)























