
Високиот процент на хлорофил го зајакнува создавањето на хемоглобинот и се спротивставува на анемијата.
Таа е нарекувана „чудо“ кое постојано се обновува. Уште во праисторијата, па дури потоа во античка Грција искуството се провлекувало низ генерациите за полезното дејство на зелката.
Некои од својствата на зелката одлични се за надворешна употреба, но и за внесување во организмот како салата или свеж сок богат со здрави состојки или пак приготвена како јадење.
Состав
Содржи многу витамини како провитамин и витамин А (особено пролетните врсти), витамин Б1, Б9, Ц (кој го зелката го има повеќе споредбено со иста количина од портокал), К (најмногу во карфиолот), У и многу други.
Минерали како фосфор, калциум, калиум, бакар, магнезиум , јод...
Полезно дејство
Ја негува слузницата.
Високиот процент на хлорофил го зајакнува создавањето на хемоглобинот и се спротивставува на анемијата, но треба да запомните дека хлорофилот се губи со готвењето.
Киселата зелка, која се добива по природна постапка, има фермент кој ги разбива мастите и затоа многу луѓе ја консумираат заедно со колбаси или други потешки јадења.
Вистинскиот и прав лек за се е свежиот сок од зелка кој можете да го помешате со сок од морков и неколку капки лимон за поубав вкус.
Тој е идеален за ситуации на голем замор, недостаток на витамини и минерали, во состојби на голема напнатост и раздразливост или па спротивно од тоа за депресија.
Сокот од зелка е полезен за враќање на рамнотежата на кожата, за проблеми со бубрезите и болки во мускулите, артритис, реума и слично.
Помага при чир на желудник, цревни инфекции, паразити, астма, грип и во диетите за дијабетичари.
Се разбира и зелката исецкана на парчиња или издробена го има истото дејство како сокот, но во намалена мера.
.gif)






















.gif)























