
Оревите се одличен извор на магнезиум, протеини и влакна
Бадеми
Дневна доза: 23 бадеми со 163 калории
Омилена намирница на лицата, кои внимаваат на исхраната, бидејќи бадемите имаат многу поголеми придобивки за здравјето покрај тоа што го намалуваат нивото на холестерол. Тие содржат многу повеќе влакна и калциум отколку било која друга јатка на листата. Имаат најмалку калории во споредба со останатите и претставуваат одличен извор на витамин Е.
Ореви
Дневна доза: 14 оревчиња со 185 калории
Оревите совршено соодветствуваат на карактеристичниот профил на јаткасти плодови. Тие се одличен извор на магнезиум, протеини и влакна. Содржат и поголема количина на алфа-линоленска киселина, еден вид на омега-3 масна киселина, која ги подобрува мозочните функции.
Ф’стаци
Дневна доза: 49 ф’стаци со 162 калории
Овие вкусни апетисани имаат најмалку калории по јатка, во споредба со другите видови. Тие се исто така богати со лутеин, антиоксидант, кој е застапен и во лисестите зелени плодови, а е исклучително важен за добар вид и здрава кожа. Исто така количината од 49 ф’стаци содржи речиси исто количество на калиум, како и една помала банана.
Морски оревчиња
Дневна доза: 18 оревчиња со 163 калории
Можете да обезбедите речиси 10 проценти од препорачаната дневна доза на железо со само 18 морски оревчиња. Во споредба со другите јатки, морските оревчиња претставуваат и одличен извор на фолати и витамин К, кој помага во одржувањето на здравјето на коските и регулирање на згрутчувањето на крвта.
Бразилски оревчиња
Дневна доза: 6 јатки со 186 калории
Претставуваат најдобар извор на селен во споредба со останатите видови. Селенот е неопходен за правилно функционирање на тироидната жлезда. Еден плод содржи повеќе од препорачаната дневна доза, што значи дека за само 30 калории се добива исклучително моќна селиумска инекција. Но бидете внимателни, внесот на селен треба да биде ограничен.
.gif)






















.gif)























